Занимливости
5 чаеви со кои ќе ја победите главоболката

По лек за главоболка не треба да отидете подалеку од вашата кујна. Уживајте во овие чаеви и победете ја главоболката. Стресот, заморот, недостаток на сон и јаки мириси се само дел од причинителите на главоболката. Според истражувањата на Светската здравствена организација, околу 50 посто од населението пати од оваа болка. Кај жените 60 посто од главоболките се од хормонски тип, но без разлика на причинителите, повеќе од јасно е дека кога имаме главоболка секојдневните активности ни се многу отежнати.

 

Докторите советуваат дека на првите знаци на главоболка не треба веднаш да се пијат апчиња, туку да се оди на лекарски преглед да утврдите за кој тип на главоболка станува збор и според тоа да се дејстува. А како прва помош, можете да се послужите со природните лекови од вашата кујна кои се вкусни и со сигурност ја отстрануваат болката.
Чај од ѓумбир
Ѓумбирот со векови се употребува како зачин и лек. Тој ја спречува синтезата на масните киселини кои ја предизвикуваат болката. Делува на нервните завршетоци, ја намалува главоболката, ги опушта крвните садови и ја заблажува мачнината која често следува со главоболката. Исечкајте 2-3 см корен од ѓумбир и прелијте го со две чаши вода. Покријте го и оставете го да отсоти 30 минути. Овој лек можете да го користите секој ден и како превенција бидејќи нема несакани дејства.

 

Чај од рузмарин
Рузмаринот е добар антиоксиданс, а поради тоа има и антисептичко, антибиотско и седативно дејство. Позитивно делува на кожата, органите за дишење, нервите, стомакот, цревата, крвните садови и имунолошкиот систем. Лековитиот дел на билката се наоѓа во листовите. Во народната медицина се користи како средство за подобра циркулација и за подигнување на крвниот притисок, како и во борбата против главоболката. 1 лажичка сув рузмарин прелијте ја со 250 милилитри врела вода и оставете да отстои 10 минути, процедете и испијте го чајот.

 

Чај од кантарион

Благотворното дејство на кантарионот е познато од многу одамна, а позната е и неговата ефикасност при намалување на главоболките, особено оние кои се предизвикани од стрес. Една лажичка кантарион измешајте ја со два децилитри зовриена вода. Оставете ја смесата да отстои околу десет минути, па процедете и испијте го чајот во рок од два дена. Ќе видите дека ќе ви се намали стресот и ќе ви се подобри расположението.

 

Чај од камилица

Камилицата е позната како седатив – содржи состојки кои помагаат во ублажување на болката и кои опуштаат. Еден од најбезбедните чаеви против главоболка е токму чајот од камилица, а се препорачува да се пие секојдневно за општо добро на организмот. Ќесичка чај од камилица прелијте ја со зовриена вода и оставете десет минути, па засладете со мед и пијте го чајот полека со задоволство.

 

Чај од цимет

Циметот е извор на манган, железо, растителни влакна и калциум. Особено е важен во борбата против главоболката. Стапче цимет или лажичка цимет во прав прелијте ја со шолја зовриена вода. Покријте го тенџерето и оставете да отстои десетина минути. По желба додајте ќесичка од вашиот омилен чај и оставете да отстои неколку минути, па засладете го по вкус. Чајот од цимет се препорачува да се пие не повеќе од три шолји дневно.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: