Занимливости
5 начини да го користите биберот за чиста кожа

Црниот пипер се смета за богата состојка со корисни витамини и минерали. Тој изобилува со витамини А, бета каротен, витамин К и има антиоксидантско дејство.

Витаминот К е од голема важност за правилната циркулација и правилното функционирање на метаболизмот, за мускулите и коските.

Биберот исто така е одличен за нега на кожата и за комбинирана кожа склона кон акни и неправилности.

 

Во продолжение прочитајте ги рецептите за едноставни домашни маски од бибер.

 

Маска од јогурт и бибер

 

01

 

Состојки:

 

  • 1 лажица бибер
  • 2 лажици јогурт

 

Измешајте ги состојките во сад и нанесете на чиста и сува кожа со кружни триења неколку минути. На крај измијте го лицето со ладна вода.

 

Овој пилинг ќе ја исчисти вашата кожа, ќе ги отстрани лузните и дамките од акни и ќе ѝ даде сјај на кожата.

 

 

Маска од бибер и мед

 

Black-Pepper-And-Honey02

 

Состојки:

 

  • 1/2 лажичка бибер
  • Пена од белки
  • 1 лажица мед

 

Измешајте ги состојките и нанесете ја маската на чисто лице. Оставете да отстои 15-20 минути, а потоа измијте го лицето со вода.

 

Оваа маска исто така е погодна за чувствителна кожа со акни.

 

 

Маска од куркума и бибер

 

02

 

Состојки:

 

  • 1/2 кафена лажица бибер
  • 1/2 кафена лажица куркума
  • вода

 

Измешајте ги сите состојки, вода додајте колку да може смесата да се залепи за лицето. Нанесете ја маската на лицето, оставете ја некое време и потоа измијте го лицето со млака вода.

 

Оваа маска има антибактериски својства што гарантираат чиста кожа.

 

 

Маска од млеко и бибер

 

03

 

Состојки:

 

  • 1 лажичка млеко
  • прстофат мелен бибер

 

Измешајте ги состојките и нанесете ја маската на лицето избегнувајќи ги пределите околу очите. Оставете ја маската на лицето неколку минути, па измијте ја со ладна вода.

 

 

Маска од алое вера и бибер

 

01

 

Состојки:

 

  • 1 лажичка гел од алое вера
  • прстофат мелен бибер

 

Измешајте ги состојките и нанесете ги на чиста кожа. Оставете ја маската 15 минути, па измијте го лицето.

 

Оваа маска е одлична за регенерација и освежување на кожата.

 

 

Маските од бибер не ги практикувајте многу често. Самиот бибер може да има иритантно дејство на почувствителната кожа. Обидете се да ја ограничите употребата на маските со бибер на еднаш или двапати неделно.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: