Занимливости
5 природни начини за одржување на кожата на лицето

Маските за лице се стар изум кој уште пред илјадници години Египќанките и Гркинките ги користеле за нега на кожата. Во тоа време секоја жена имала свој таен рецепт кој љубоморно го чувала, а денес маските за лице се лесно достапни.

Маската на лице делува на начин кој го спречува подигнувањето на горниот дел на кожата и со тоа овозможува поголем прилив на крвта во ткивата. Со тоа кожата станува еластична, порите излачуваат нечистотија и тенот станува посвеж и почист.

Благодарение на домашните маски за лице, кожата повеќе не се негува само со современите козметички производи, туку лицето може да се одржува и разубавува и со користење на природни производи кои може да ги направите сами.

 

Маска за лице од грашак

Маската за лице од грашак го чисти и освежува лицето и се препорачува за масна кожа. Две супени лажици испасиран грашак измешајте го со две супени лажици млеко. Нанесете ја смесата на лицето и оставете ја додека не се стврдне. Лицето прво измијте го со топла вода, па потоа со ладна.

 

Маска за лице од компир

Маската за лице од компир делува освежувачко, ја оживува кожата и ја прави еластична. Сварете и излупете еден компир, па испасирајте го и помешајте со свежо млеко и една жолчка од јајце. Додајте и малку вода во смесата, па загрејте ја кратко смесата на оган и нанесете ја топла на лицето. За да дејствува повеќе маската, се става врз лицето крпа и се мирува 20тина минути. Лицето се мие со топла вода, а потоа со ладна.

 

Маска за лице од грав

Маска која ја храни кожата на лицето и е погодна за нежна и осетлива кожа. Сварете една чаша грав со малку вода и испасирајте. Во топлата смеса ставете сок од половина исцеден лимон и една супена лажица маслиново масло, измешајте и ставете на лице додека е уште топло. Мирувајте 15-20 минути и потоа измијте го лицето со топла па со ладна вода.

 

Маска за лице од квасец

Маската за лице од квасец се препорачува против акни и митесери. Со редовна примена на оваа маска за лице, кожата станува почиста, а тенот посјаен. Употребете еден квасец и помешајте го со млако млеко. Нанесете ја смесата и чекајте да се стврдне, па со кружни движења на прстите извадете ја од лицето. Потоа, измијте со топла вода па ладна и добро исушете го лицето.

 

Маска за лице од пченкарно брашно

Маската за лице од пченкарно брашно ја чисти, освежува и оживува кожата. Помешајте две супени лажици пченкарно брашно со белки од јајце и нанесете на лицето. Мирувајте 15-20 минути и извадете ја маската најпрвин со помош на памук, па потоа измијте го лицето.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: