Занимливости
5те најздрави зимски плодови

Останете здрави оваа зима со вклучување на овие 5 намирници во вашата исхрана.

 

Иако во зима има помалку избор на здрави намирници отколку во лето, зимата може да се пофали со некои изненадувачки здрави суперѕвезди. Еве 5 од најздравите зимски намирници што треба да ги јадете.

 

1. Калинки

 

AN90-Pomegranate-1296x728-header_0

 

Сокот од калинки е богат со антиоксиданти (повеќе од другите овошни сокови) – само чаша дневно може да помогне да се задржат слободните радикали од оксидирачкиот “лош” LDL холестерол. Оксидираниот LDL придонесува за формирање на плаки во артериите. Исто така сокот може да го подобри протокот на крв во срцето кај луѓето со миокардна исхемија, сериозна состојба во која срцевото снабдување со кислород е компромитирано поради тоа што артериите што водат до него се блокирани.

 

2. Темно зеленолисни растенија

 

Green Vegetables

 

Темните листести зеленчуци, како што се кељ, блитва и раштан растат во студената зима кога останатиот дел од зеленчуците изгледаат мртво. Всушност мразот може да ја одземе горчината на кељот. Овие зеленчуци се особено богати со витамини А, Ц и К.

 

3. Цитрус

 

157336489

 

Цитрусовите плодови, вклучувајќи ги лимоните, лиметите, портокалите и грејпфрутот, се најсочни во зимскиот период и додаваат малку сонце во мрачната зима. Цитрусовите плодови се богати со витамин Ц- 1 среден портокал содржи повеќе од 100 проценти од вашата дневна доза. Претставуваат богат извор на флавоноиди. Доминантниот флавоноид во овие овошја-хесперидин е заслужен за зголемување на “добриот” HDL холестерол и намалување на “лошот” LDL-холестерол и триглицериди.

 

4. Компири

 

Patates

 

Компирот понекогаш добива лоша репутација затоа што е бел скроб, и е фрлен во иста категорија со бел ориз или бел леб. Но, за разлика од оние други скробови, кои навистина се лишени од здрави хранливи состојки, компирот е храна која содржи неколку корисни хранливи материи. Тие се извонреден извор на два имунолошки засилувачи – витамини Ц и Б6. Тие исто така се добар извор на фолна киселина, што е особено важна за бремените жените. Ако можете да најдете пурпурен компир, ќе добиете дополнителен здравствен благослов – тие се богати со антоцијани-антиоксиданти кои се поврзани со мноштво здравствени придобивки, од намалување на ризикот од рак и срцеви заболувања до воспаленија.

 

5. Зимска тиква

 

winter-squash-varieties-020217

 

Постојат многу видови на зимска тиква и кој и да го одберете нема да погрешите бидејќи сите се одличен избор. Една чаша варена зимска тиква има неколку калории (околу 80), но и високо количество на витамин А (214 проценти од препорачаната дневна вредност) и витамин Ц (33 проценти), како и добар извор на витамини Б6 и К, калиум и фолна киселина.

 

Регистрирај се

Направи свој кориснички профил

Изјавувам дека горните податоци се точни и ги прифаќам условите за користење и Политиката на заштита на лични податоци на веб страницата moemeni.mk.

Регистрирај се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да:

Најави се

Најави се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да: