MoeMeni
Занимливости
6 вежби во седечка положба за рамен и затегнат стомак

Работата во канцеларијата има многу предности, но долгото седење на едно место го оштетува здравјето и фигурата. Анализа на 47 научни студии покажа дека луѓето кои седат подолго често страдаат од рак, тип II дијабетес, срцеви заболувања, вишок килограми. Добрата вест е дека откривме 6 вежби кои можете да ги практикувате дури и во седечка положба, што ќе ви помогнат да бидете енергични и полни со енергија.

 

Овие вежби можете да ги направите на работното место.

 

Вежба бр.1

 

Ги зајакнува стомачните мускули, го подобрува варењето и помага во согорувањето на мастите.

 

1

 

Што да направите:

 

1. Седнете на стол. Исправете го ‘рбетот, не се потпирајте на столчето.
2. Нозете се на подот, раширени во ширина на колковите.
3. Држете го ‘рбетот исправен. Подигнете го десното колено кон градите и истовремено вовлечете го стомакот.
4. Ставете ги рацете на долниот дел од ногата за подобро да ги истегнете долните стомачни мускули.
5. Повторете ја вежбата 20-30 пати со промена на коленото.

 

Вежба бр.2

 

Со оваа вежба постепено, но ефективно се активираат сите стомачни мускули.

 

2

 

Што да направите:

 

1. Спојте ги нозете.
2. Потпрете се со рацете на столот.
3. Држете ја кичмата исправено, кренете ги колена и приближете ги кон градите.

4. Вратете ги нозете во почетната положба, но не ги спуштајте на подот.
5. Повторете ја вежбата 10-20 пати.

 

Вежба бр.3

 

Ја корегира половината. Динамичното работење на латералните стомачни мускули ги отстранува масните наслаги на колковите.

 

3

 

Што да направите:

 

1. Седнете на работ на столот, држете го ‘рбетот исправен. Потпрете се со рацете на столот.
2. Навалете го телото настрана, потпирајќи се на еден седишен мускул.
3. Спојте ги нозете и подигнете ги кон градите како во вежбата 2.
4. Вратете се на почетната позиција. Повторете ја вежбата потпирајќи се на другата страна.
5. Правете 10-20 повторувања на секоја страна.

 

Вежба бр.4

 
Ги согорува маснотиите на колковите и бутовите

 

4

 

Што да направите:

 

1. Нозете се на подот.
2. Раширете ги рацете странично на висина на рамото.
3. Наведнете го горниот дел од телото и со десната рака допрете го левото стапало. Задржете ја оваа позиција.
4. Исправете се. Повторете ја вежбата со тоа што со левата рака ќе го допрете десното стапало.
5. Повторете 20-30 пати со менување на страната.

 

Вежба бр.5

 

Брзо ги согорува масните наслаги и го зголемува тонусот на стомакот, грбот и мускулатурата на рамењата.

 

5

 

Што да направите:

 

1. Седнете на стол и со рацете потпрете се на столот.
2. Подигнете се, одвојувајќи се од столчето со бутовите и нозете. Во исто време ангажирајте ги мускулите на стомакот за да ги кренете колената кон градите.
3. Останете во оваа позиција најмалку 15-20 секунди, а потоа полека спуштете ги колената и дишете.
4. Повторете ја вежбата 4 пати.

 

Вежба бр.6

 
Оваа вежба е многу корисна за половината: ги активира латералните мускули и долниот мускул на стомакот. Принципот на работа се состои во тоа што едното колено се поврзува со спротивниот лакт, а телото малку се врти.

 

6

 

Што да направите:

 

1. Седнете на стол, ‘рбетот е исправен, не потпирајте се на потпирачот. Ставете ги рацете позади глава.
2. Подигнете го десното колено кон градите, а потоа со левиот лакт обидете се да го допрете.
3. Врати се на почетната позиција. Повторете 15 пати.
4. Променете ги позициите на колената и лактите. Повторете 15 пати.
5. Најдобро е да направите 4 серии од овие вежби.

 

 

Регистрирај се

Направи свој кориснички профил

Изјавувам дека горните податоци се точни и ги прифаќам условите за користење и Политиката на заштита на лични податоци на веб страницата moemeni.mk.

Регистрирај се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да:

Најави се

Најави се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да: