Занимливости
7 случаи кога потсвеста сака да ни каже нешто во сон

Ние анализираме сè по ред, дури и кога не сме свесни за тоа, но затоа во соновите ги добиваме сите резултати. Потсвеста мора да најде лесен начин да стигне до нас.

 

Ако некој верува дека ракунот кој јава мачка е добар знак, тоа значи дека потсвеста ќе го искористи тој знак. А ако човекот не е заинтересиран за соништа и нивното значење, тогаш потсвеста бара полесен начин.

 

Ги собравме најкратките патеки, кратенки, кои потсвеста ги користи за да стигне до нас.

 

7 соништа што најчесто ги сонуваме и што значат:

 

1. Паѓање

 

padanje-u-snu

 

Неизвесна иднина, страв дека ќе претрпите неуспех, чувство на безизлезност, потребата да се донесат судбински одлуки – сето тоа влијае на соништата. Како резултат на тоа, се гледаме како паѓаме од височина. Паѓањето е симбол на беспомошност. Ништо не може да се промени кога гравитацијата работи.

 

2. Летање

 

letenje-u-snu

 

Во сон, луѓето кои чувствуваат целосна контрола на ситуацијата летаат. Тие во вистинска смисла на зборот “летаат” над проблемот. Понекогаш човекот се чувствува дека лета премногу високо и тоа предизвикува страв кај него. Ова се случува кога едно лице чувствува дека излегол од “зоната на комфорт” и не е сигурен дека ќе се справи со тоа.

 

3. Испит

 

AP-exam-article-cover-photo-900x600

 

Кога сонувате за испитот, значи дека во моментот поминувате низ многу важен период. Исто така е можно да не верувате во себе и во вашите способности, и потсвесно очекувате неуспех. Таквите соништа честопати ги сонуваат учениците. Причината, секако, е загриженост.

 

4. Смрт

 

misty mort 3

 

Постојат многу причини зошто сонувате за своја или смрт на ваши блиски: грижа и страв за вашите најблиски кои се во тешка ситуација, грижејќи се за сопствениот или друг живот. Исто така, причината може да биде периодот на транзиција во вашиот живот и мачното очекување на претстојните промени.

 

5. Прогонување

 

being-chased-dream

 

Голем број нерешени проблеми не ни даваат мир во текот на денот и не пратат во чекор. Луѓето кои се под некое влијание можат да сонуваат како бегаат или се кријат од некого. Но, постојат и други причини. Можно е дека ова е исто така одраз на вистински настани кои не загрижуваат или силен впечаток што некој филм оставил врз нас.

 

6. Голи сте

 

the-grande-odalisque-ingres

 

Она што го чувствувате за време на сон во кој сте голи е многу важно. Ако чувствувате страв, конфузија, срам, тоа значи дека сте измачувани од проблем поради што се чувствувате беспомошно или не сте подготвени за некои промени што ги очекувате. Ако вашата голотија во соништата е поврзана со слободата, тогаш сте отворени да промени во психолошка смисла.

 

7. Сон во сон

 

4350965-15021310-5-0-1506634730-1506634746-3000-1-1506634746-650-04f9ebaa03-1507534447

 

Во утринските часови ќе станете, се облекувате, појадувате и одите на работа. Тогаш алармот ѕвони и сфаќате дека тоа е сон. Дали се сеќавате на тоа чувство на непријатност, поради разделување со перницата? Ќе треба да го преживеете повторно. Исто како и работниот ден, кој по ништо не се разликува од претходниот. Ваквите сонови се јавуваат кај оние кои се влезени во рутина.

 

Сите одговори се во нашата глава. Единствено што е важно е добро да се наспиеме.

 

Регистрирај се

Направи свој кориснички профил

Изјавувам дека горните податоци се точни и ги прифаќам условите за користење и Политиката на заштита на лични податоци на веб страницата moemeni.mk.

Регистрирај се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да:

Најави се

Најави се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да: