Занимливости
9 домашни лекови против темните кругови под очите

Темни кругови под очите е проблем кој им е познат речиси на сите. Постојат многу причини за нивната појава, но исто така има и многу начини да се ослободите од оваа непријатност. Советување со специјалист, здрава исхрана и спиење, употреба на природни маски за лице и облоги и други решенија кои одговараат на сите вкусови.

 

Ние најдовме за вас 9 едноставни лекови кои ќе ви помогнат вашите очи да изгледаат светли и сјајни.

 

1. Вода од роза

 

2906205-shutterstock_72934684-650-c2a6b2895a-1484652776

 

Розовата вода ја хидрира и ја храни кожата, помага при оток, црвенило и чешање и има обелувачки и подмладувачки ефект. Можете да ја побарате во продавница или во аптека или можете да направите самите розова вода дома.

 

Состојки:

 
-свежи ливчиња од 1 роза
-1 чаша топла вода

 

Како да ја подготвите:

 

Исплакнете ги ливчињата од роза и ставете ги во мало тенџере. Истурете ја чашате со топла вода и оставете да се излади. Потоа исцедете сè во сад. Подобро е да ја чувате домашнате розова вода во фрижидер, но не повеќе од една недела.

 

Како да ја користите:

 
Навлажнете две памукчиња со розова вода. Нанесете ги на површината под очите и оставете ги 15 минути. Повторете ја постапката секое утро и вечер додека да сте задоволни со резултатот.

 

2. Бадемово масло

 

2905755-essential-oils-1433694_1280-650-f5cd35f3b8-1484652776

 

Бадемовото масло ја прави кожата околу очите затегната и ако се користи редовно, помага при оток и кругови под очите.

 

Како да ја употребувате:

 

Нанесете 2-3 капки масло со лесни движења и масирајте секоја вечер пред да заспиете и ќе ги забележите резултатите во една недела.

 

3. Сок од компир

 

2905705-potatoes-448610_1280-650-4a6d2e504a-1484652776

 

Компирите содржат природни состојки за белење и витамин Ц.

 

Како да го направите:

 

Изрендајте го компирот и исцедете го сокот.

 

Како да го користите:

 

Намокрете ги памукчињата во сокот од компир, нанесете ги на очите и оставете ги 10 минути. Потоа измијте го лицето. Можете да го завршите процесот со масирање на очите со капка маслиново масло или масло од праска. Користете го овој лек секој ден 2 недели.

 

4. Краставица

 

2906305-cucumber-1309563_1280-650-e03b4a76da-1484652776

 

Краставицата содржи голема количина на антиоксиданти и има обелувачки ефект.

 

Како да ја подготвите:

 

Исечете краставица на подебели парчиња и ставете ја во фрижидер 30 минути.

 

Како да ја користите:

 

Земете ги круговите краставица од фрижидерот и нанесете ги на очите. Покријте ги сите проблематични области, оставете ги 10-15 минути, а потоа измијте го лицето со ладна вода. Повторувајте ја постапката секој ден една недела.

 

5. Компрес од чај

 

2906105-cup-829527_1280-650-6b3d44b089-1484652776

 

Чајот е богат со кофеин, танин и антиоксиданти, што го прави одличен лек за темни кругови и оток.

 

Како да го користите:

 

Направете чаша зелен или црн чај, почекајте да се олади, а потоа намокрете ги памукчињата во чашата и нанесете ги на очите. Можете исто така да користите чајни кесички. Оставете ги да делуваат 10-15 минути. Применувајте го ова секој ден, една недела и ќе забележите значително подобрување.

 

6. Маска од млеко и леб

 

01

 

Млекото ja хидрира и ја осветлува кожата. Лебот содржи квасец богат со витамин Б кој ја смирува кожата и ги неутрализира осипите.

 

Како да ја направите:

 

Направете паста од бел леб и млеко – испасирајте и издробете го лебот во млекото да добиете хомогена паста.

 

Како да ја употребувате:

 

Нанесете ја маската во не многу дебел слој. Оставете 10-15 минути, а потоа отстранете го.

Ако редовно ја правите оваа маска, темните кругови под очите бргу ќе исчезнат.

 

 

7. Доматен сок

 

01

 

Доматите содржат ликопен, антиоксидант кој ги зајакнува капиларите.

 

Како да го употребувате:

 

-Нанесете сок од домати на проблематичните области и оставете го 10 минути.

-Потоа измијте го лицето со ладна вода.

-Користете ја маската секој ден 2 недели и ќе ги забележите резултатите.

 

 

8. Вежби и масажа

 

01 

 

Овие методи ќе ви помогнат не само да се ослободите од темните кругови под очите, туку исто така за подобар вид.

 

Започнете со масажа:

 

Со прстите масирајте го делот под очите употребувајќи нежни движења 2-3 минути. Движете се од делот кај носот кон образот. Не го масирајте го горниот капак за да избегнете прекумерен притисок врз окото.

По масажата, добра идеја е да нанесете крем за очи.

 

Потоа започнете со вежбите:

 

Затворете ги очите. Користете ги показалците за да ја поправите кожата на надворешните агли на очите за да избегнете брчки.

Цврсто држете ги затворени очите 6 секунди, а потоа опуштете ги очните капаци. Повторете најмалку 10 пати.

 

9. Коцки мраз со билки

 

01 

 

Мразот има одличен ефект на кожата: ја прави поеластична, ги измазнува брчките и го намалува отокот. Ако замрзнете течност со лековити билки, овој лек ќе биде уште поефикасен.

 

Состојки:

 

-листови од жалфија

-камилица

-магдонос (свеж или сушен)

 

Како да го направите:

 

-Земете по една лажичка од секоја билка за секои 200 мл вода.

-Измешаните билки потурете ги со зовриена вода и оставете ги да отстојат околу 2 часа.

-Се остава да се олади, потоа водата со билките се става во садови за мраз и се става во замрзнувач.

 

Како да го употребувате:

 

Секое утро протривајте ги површините околу очите со коцка мраз околу половина минута.

Повторувајте ја постапката следните 2 недели и ќе забележите здрава промена на очите.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: