Занимливости
Acai bowl – модерен американски појадок

Интересен, здрав и колоритен. Се консумира како појадок или како лесна ужина која е погодна за летниот период. „Асаи бол“ е овошен оброк кој потекнува од Њујорк, а името го добива од Асаи бобинките како главна состојка.

 

Асаи бобинка

Имено, Асаи бобинката претставува овошје што расте на Асаи палмата од амазонската прашума, а се карактеризира со плаво-виолетова боја, слично на аронија или боровница. Содржи повеќе витамини и минерали од другите видови и носи многу здравствени бенефиции. Од оваа благотворна бобинка се подготвува американскиот појадок „Асаи бол“ кој е вистински хит оваа година.

 

Од што се состои „Асаи бол“ и каде се наоѓа

Класичната верзија се подготвува со банани, мед, бадеми, малку млеко и асаи бобинки. Смесата потсетува на смути и има вкус речиси како сладолед на кој може да се додадат и житарици и суво овошје. Едно од местата во Америка каде може да го вкусите овој овошен деликатес е џус барот Liquiteria каде постојат разни видови.

 

 

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: