Занимливости
Аспиринот е лек и за косата

Сите ние често посегнуваме по аспирин кога нè боли глава или кога сме настинати, меѓутоа не знаеме дека аспиринот ѝ годи и на убавината. Дознајте како.

 

Во мало количество аспирин се наоѓа ацетилсалицилна киселина која прави чуда на вашата коса.

 

Што да направите

 

Купете литар шампон, може од камилица или коприва. Во него ставете 2-3 иситнети аспирини, измешајте ја смесата и почекајте таблетата да се растопи.

 

За да го избегнете осиромашувањето на природните масла во вашата коса, користете аспирин повремено, така што ќе го оставите да делува малку подолго на косата, како регенератор, па потоа ќе се измиете.

 

 

Шампон со аспирин против првут

 

dand

 

Истата мешавина помага и против првут. Ацетилсалицилната киселина која се наоѓа во аспиринот ги отстранува мртвите клетки на кожата и скалпот.

 

Го враќа сјајот на косата

 

Шампонот го враќа сјајот на косата бидејќи ацетилсалицинската киселина дејствува директно на влакното.

 

Ја обновува бојата на фарбаната коса

 

За луѓето со бојадисана коса, особено за оние со светло обоени влакна, аспиринот може да помогне во обновување на бојата на косата. Тоа што треба да го направите е да растворите неколку аспирини во топла чаша вода. Нанесете големо количество од смесата на вашата коса и оставете да отстои така 10 до 15 минути, па измијте.

 

 

Регистрирај се

Направи свој кориснички профил

Изјавувам дека горните податоци се точни и ги прифаќам условите за користење и Политиката на заштита на лични податоци на веб страницата moemeni.mk.

Регистрирај се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да:

Најави се

Најави се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да: