Занимливости
Денови на полска гастрономија

За сите гурмани и љубители на полската кујна – имате можност до 5-ти ноември да испробате традиционално приготвени предјадења, супи, главни јадења и десерти од полската кујна во скопскиот ресторан Пелистер. Нашиот тим со задоволство беше дел од овој настан и уживаше во вкусните специјалитети подготвени од полските кувари, а исто така пробаа да Ви ги откријат и рецептите од неколку вкусни јадења на менито! Доколку за жал ја пропуштите можноста да дегустирате некои од јадењата, пробајте да ги подготвите дома и да уживате во вкусот на полската традиција!

  • Крем супа од печено цвекло со меко козјо сирење, свежи билки и сончогледови семки

Традиционална полска супа која е превкусен, а исто така и здрав оброк! Сирењето и сончогледот ѝ даваат уште поубав вкус и арома. Рецептот можете да го видите на следниот линк https://goo.gl/394Qhl

  • Филе од крап со сос од жолчка, кисела краставица и пире

Ова предјадење е вкусен и освежителен спој од пире од компири со риба кој вреди да го испробате. Ни објаснија дека најчесто полските јадења се подготвуваат на путер поради поразличната арома, така што, ако се осмелите да го подготвите ова јадење, направете го на вистински начин! https://goo.gl/FNYw6o

  • Филет од лосос со пире, сос од бел пипер и слатко од сливи

Лососот е честа риба во многу полски специјалитети, а слаткиот вкус на сливата оди одлично во комбинација со печениот лосос и со сосот од бел пипер што претставуваат спој на вкусно и богато главно јадење. https://goo.gl/PxtW8S

 

И најслаткото за крај: испробавме два полски десерти и не можевме да се одлучиме кој е повкусен! Првиот беше чизкејк од портокал со топка сладолед од ванила, а другиот објаснија дека е традиционален полски десерт кој по формата би требало да потсетува на планинскиот масив – Карпатите. Испробајте ги и одлучете самите!

  • Чизкејк од портокал, сладолед од ванила и бадемов бисквит https://goo.gl/WdzzJY

 

  • Планинска торта од Карпатите, со слатки крем и мус од боровинки https://goo.gl/AbDxkO

 

Добар апетит!

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: