Занимливости
Домашен балзам за испукани раце со подмладувачки ефект

Ладното време придонесува за сушење на кожата на рацете и нејзино пукање кое може да биде многу болно и непријатно. Доколку се соочувате со овој проблем, тогаш задолжително направете го овој домашен балзам.
Ефектот е одличен: за 3-4 дена кожата на рацете станува мека, еластична, а распуканата кожа исчезнува.

 

Во 1 литар топла вода растворете 2 лажици морска сол. Држете ги рацете во водата околу десет минути. Не ги бришете, туку користете мек пешкир за да ја апсорбирате влагата. Потоа нанесете го балзамот врз вашите раце.

 

Подготовка на балзамот:

 

baa

 

За да го подготвите овој балзам, измешајте ги следниве состојки:

 

– 2 свежи жолчки од јајце

– 2 лажици мед

– 2 лажици масло (маслиново, бадемово, ленено)

 

Измешајте ги состојките и нанесете ја смесата на чисти и суви раце. Држете ги рацете така 20 минути. Потоа исплакнете ги со вода и намачкајте ги со крема.

 

Балзамот можете да го употребувате 2-3 пати на ден. Рокот на траење е 5 дена (во фрижидер). По 5 дена направете нова мешавина.

 

Резултатите ќе бидат видливи по неколку дена. Пукнатините на кожата исчезнуваат, дланките стануваат меки, мазни и еластични.

 

Регистрирај се

Направи свој кориснички профил

Изјавувам дека горните податоци се точни и ги прифаќам условите за користење и Политиката на заштита на лични податоци на веб страницата moemeni.mk.

Регистрирај се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да:

Најави се

Најави се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да: