Занимливости
Домашен мед од тиква – мелем за јетрата и бубрезите

Исто како и многу видови мед, така и медот од тиква се користи за медицински цели.

 

Областите на примена на овој мед се многу разновидни. Медот од тиква е најефективен во лечење на јетрата и бубрезите. За многумина овој мед е од огромно значење бидејќи ефикасно помага при прочистување и при лечење на болести на уринарниот тракт.

 

Благодарение на своето лаксативно и диуретично дејство, медот од тиква помага со разни болести на дебелото црево. Во исто време, поради високата содржина на витамини и каротен, овој мед е одличен и за зајакнување на имунитетот.

 

Медот од тиква помага во борбата со зголемен холестерол, атеросклероза и срцеви слабости. Употребата на овој мед исто така се препорачува за лица со прекумерна тежина.

 

Како да подготвите мед од тиква:

 

За припрема на медот ќе ви биде потребна една зрела, жолта тиква.

 

Пресечете го врвот на тиквата (капакот) и издлабете ја внатрешноста (семките и месестиот дел).

 

Издлабениот отвор наполнете го со шеќер (било каков по ваша желба). Во случај да не сакате или не можете да консумирате мед направен од шеќер, содржината на тиквата наполнете ја со обичен пчелен мед.

 

01

 

Потоа поклопете го врвот со отсечениот капак и оставете ја тиквата десет дена на ладно место.

 

Најдобро е да ја ставите во поголем сад, бидејќи тиквата ќе омекне со текот на времето и ќе биде тешко да се премести.

 

За тоа време, шеќерот ќе се раствори во сокот од тиквата. Штом се раствори шеќерот, отстранете го капакот и истурете ја добиената течност во стаклен сад.

 

Доколку на капакот забележите мувла, не е ништо страшно. Направете дупка на дното на тиквата и преку дупката претурете го медот во стаклениот сад.

 

Како да го чувате медот од тиква

 

Најдобро е да се чува во фрижидер во чиста стаклена тегла со капак. Рок на траење на медот е околу еден месец.

 

Да го зачувате подолго време, варете го до згуснување, но тогаш ќе се изгубат некои негови корисни својства.

 

Како ќе го консумирате овој мед – тоа е ваш избор. Може како засладувач на чајот, може да го консумирате самостојно 2-3 пати дневно по 2-3 супени лажици, како прелив за палачинки или употребете ја фантазијата и најдете нов начин на употреба. Колку долго ќе го консумирате не е определено. Ако дозата не е доволна, припремете поголема количина мед од 2-3 тикви.

 

 

 

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: