Занимливости
Домашен рецепт за сируп против кашлица

Кашлицата кај децата, но и кај возрасните, може да биде многу досадна појава и да потрае долго. Кога се работи за деца, најчесто купуваме сирупи на билна база, меѓутоа и тогаш кога пишува дека сите состојки се природни, секогаш наидуваме на состојка што не знаеме што е.

 

Затоа, најдобриот сируп против кашлица е природниот сируп направен дома од состојки што веќе ги имате во домот. Доколку ги немате сите потребни состојки, можете да ги набавите во најблиската продавница за здрава храна или да ги побарате на пазар.

 

Рецептот се подготвува брзо и едноставно, а ви се потребни следните состојки:

 

-200 грама шеќер

-300 мл вода

-6 ловорови листови

-7 прстофати жалфија

-1 лажица бел слез

-1 лажица камилица

 

Растопете го шеќерот во тенџере на рингла на ниска температура колку да добие кафенкаста боја. Додајте вода и мешајте додека шеќерот целосно се растопи. Додајте ги и останатите состојки и оставете да врие 3 минути. Тргнете од рингла и откако ќе се олади, претурете го сирупот во стаклена тегла. Чувајте го во фрижидер.

 

За постари деца и возрасни дозата е 1 супена лажица неколку пати на ден, за помали деца по 1 кафена лажичка неколку пати на ден, а за бебе по 2 кафени лажички.

 

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: