Занимливости
Едноставна вежба за помала половина

И покрај губењето на масни наслаги со секакви диети и вежбање, да се има мала половина како што многумина посакуваат е тешко. Широка половина можете да имате поради градење на поголема мускулна маса или едноставно таква е структурата на вашето тело.

 

За да се постигне резултатот на помала половина постои една специфична вежба која навистина ќе ви помогне во постигнување на вашата цел.

 

Вежбата се нарекува ВАКУМ и го активира трансверзалниот абдоминален мускул. Тоа е мускулот кој се наоѓа позади стомачните мускули. Кога правите стомачни и сите останати вежби за стомак, вие ги вежбате стомачните мускули. Со оваа вежба ќе ги вежбате мускулите кои се наоѓаат позади стомачните. Трансверзалниот абдоминален мускул е одговорен за стабилизирање на вашето тело и за држење на горниот дел од телото заедно. Така, со тонирање на овој мускул ќе добиете и помала половина.

 

Постојат неколку варијации на оваа вежба.

 

Варијација 1:

 

Застенете исправено, со рацете на половината. Соберете го стомакот најмногу што можете, речиси како да се обидувате да го залепите за грбот, стегнете го стомакот, задржете неколку секунди (идеално е 20, но ако ви е тешко почнете со помалку) и пуштете го во нормална позиција. Не заборавајте да дишите. Повторувајте го процесот.

 

Варијација 2:

 

Легнете рамно на подлога за јога или на кревет. Нозете може да ви бидат исправени или свиткани. Важно е грбот да е целосно потрен на подот, да нема никаков простор помеѓу вас и подот. Направете го истото како во варијацијата 1. Обидете се да го вовлечете стомакот колку што е можно повеќе и задржете 20 секунди, потоа повторете го процесот.

 

Направете по неколку повторувања од вежбата на сабајле и навечер за максимален резултат.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: