Занимливости
Експертите делат 11 придобивки од консумирање ѓумбир

Коренот од ѓумбир и неговите корисни лековити својства биле добро познати уште од античките времиња. Тој е извор на витамини, микронутриенти и есенцијални масла кои имаат засилувачки, заживувачки и антиинфламаторни ефекти врз телото.

 

За вас одделивме некои корисни рецепти за зајакнување на вашето здравје и зачувување на вашата природна убавина. Овие рецепти лесно можат да се користат дома. Вие само треба да ги пробате!

 

Имајте во предвид! 

 

17310210-Depositphotos_163621974_xl-2015-1510573848-650-002db5bc92-1511850785

 

– Не треба да користите ѓумбир ако имате проблеми со срцето или црниот дроб, ако вашата телесна температура е покачена, или ако мукозните мембрани се оштетени. И не користете ѓумбир ако имате рани од крварење или се наоѓате во вториот и третиот триместар од бременоста.

– Ѓумбирот е корисен и рендан и свеж, а есенцијалното масло е исто така многу корисно. Можете да го додадете во главни оброци, колачи и пијалоци.

– Бидете сигурни дека не сте алергични на ѓумбир пред да нанесете маска со екстракт од ѓумбир.

 

1. Се бори против целулитот

 

Untitled

 

Скраб од ѓумбир помага да се загрее кожата и да се подобри циркулацијата на крвта. Исто така, го отстранува отокот и се спречува формирање на целулитот.

 

Измешајте 1 суп.л. рендан ѓумбир со 0,5 литри сок од ѓумбир. Додадете 1-1,5 чаш крупна морска сол. Нанесете го овој пилинг на сунѓер и употребувајте го на сите проблематични зони.

 

2. Го забрзува процесот на метаболизмот и го елиминира гадењето

 

17310110-27021410-2-0-1510576986-1510576988-650-1-1510576988-650-0e7884e0f4-1511850785

 

Ако имате проблеми со варењето или ако страдате од морско лошење или гадење во текот на бременоста, можете да џвакате или да додадете свеж ѓумбир во чајот.

 

3. Ги зајакнува ноктите и им помага да растат

 

17310060-27296260-14-0-1510648159-1510648192-650-1-1510648192-650-c652e6cd81-1511850785

 

Стопете 1-2 суп.л шеа путер. Додајте 1-2 лажички масло од авокадо, 3-5 капки есенцијално масло од ѓумбир и 5-7 капки есенцијално масло од лимон. Измешајте ја супстанцијата и ставете ја во сува чиста тегла. Можете да го користите како маска или заедно со крем за раце.

 

Забелешка! Оваа супстанција може да предизвика алергии, па затоа треба да бидете многу внимателни.

 

4. Го зајакнува имунитетот

 

17310010-27014360-1-0-1510575848-1510575850-650-1-1510575850-650-0403c81d24-1511850785

 

Благодарение на неговата голема концентрација на аскорбинска киселина, витамините А и Б, цинк, калциум, јод, природни антибиотици и антимикотици, ѓумбирот го зајакнува нашето тело и ја зголемува отпорноста кон разни болести.

 

Додадете 1 лажиче рендан корен од ѓумбир на 250 мл црн или зелен чај. Изблендирајте 2-4 лимони и 400 гр свеж ѓумбир, и потопете ги во 250 гр мед. Конзумирајте 1 супена лажица наутро пред оброците за време на грип сезони.

 

5. Ја намалува болката

 

17309960-27063260-7-0-1510581653-1510581656-650-1-1510581656-650-305588dd37-1511850785

 

Ѓумбирот се справува и со воспалителни процеси и болки, вклучувајќи болки во мускулите по интензивно вежбање, болки за време на менструалниот циклиус кај жените и артритис. Направете пијалок од ѓумбир и куркума, сок од 2 лимони, 1 лажиче мед и вода.

 

6. Ја стимулира работата на мозокот

 

17309560-27041360-4-0-1510579624-1510579628-650-1-1510579628-650-89114834e5-1511850785

 

Консумацијата на ѓумбир го успорува стареењето и смртта на мозочните клетки и се спротивставува на таквите невродегенеративни болести како Алцхајмерова болест и Паркинсонова болест. Уште повеќе, коренот од ѓумбир ги подобрува сите когнитивни функции и помага при одржување на чиста меморија.

 

7. Се бори против процесот на стареење

 

17309910-27047510-5-0-1510580150-1510580155-650-1-1510580155-650-86c7a48ea2-1511850785

 

Ѓумбирот содржи огромна количина на антиоксиданти, ги забрзува процесите на обновување во телото и ги отстранува слободните радикали и токсините.

 

8. Помага со губење на тежината

 

Ѓумбирот содржи многу елементи на “горење”, го забрзува метаболизмот и го намалува апетитот. Додајте свеж ѓумбир во првите и вторите оброци и рендан ѓумбир на вашите пијалоци. Ако пиете чај со ѓумбир 30 минути пред оброците, ќе јадете помалку. Можете исто така да пиете една чаша кефир (јогурт) со рендан ѓумбир, цимет и малку црвен пипер.

 

9. Афродизијак

 

17309810-27064960-8-0-1510581993-1510582001-650-1-1510582001-650-48c5a0d925-1511850785

 

Ѓумбирот е спомнат во Кама Сутра, и според некои легенди, тој може да го задржи огнот да гори во една врска. Ѓумбирот ја стимулира циркулацијата на крвта, помага да се зајакнат хормоните и ја зголемува чувствителноста.

 

10. Антитуморен ефект

 

17309710-27050560-6-0-1510580420-1510580426-650-1-1510580426-650-cc93fad9ad-1511850785

 

Некои елементи во ѓумбирот можат да се спротивстават на ракот и да ја олеснат состојбата во текот на хемотерапијата.

 

11. Го нормализира крвниот состав

 

17309610-27034960-3-0-1510578810-1510578813-650-1-1510578813-650-8b5609feb7-1511850785

 

Според истражување, редовната консумација на ѓумбир може да го нормализира нивото на холестерол и шеќерот во крвта. Исто така може да го намали ризикот од потенцијални компликации. Покрај тоа, ѓумбирот помага против згрутчување на крвта и висок крвен притисок. Зовријте ѓумбир со стапче цимет, нека се излади и пијте ја течноста 2-3 пати на ден.

 

Регистрирај се

Направи свој кориснички профил

Изјавувам дека горните податоци се точни и ги прифаќам условите за користење и Политиката на заштита на лични податоци на веб страницата moemeni.mk.

Регистрирај се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да:

Најави се

Најави се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да: