Занимливости
Излечете ја досадната кашлица и бронхитисот за 5 дена на природен начин

Многу често, тешко се ослободуваме од упорната кашлица.

 

Понекогаш дури и лековите не помагаат. Еден од најпознатите и најефикасните начини за борба против кашлицата се листовите од зелка со мед. Тоа е навистина “златно” средство против кашлица.

 

За овој третман не постои возрасна граница, подеднакво е ефективен, и за мали деца и за возрасни.

 

За да започнете со третманот, ќе ви треба 1 зелка и мед. Еве што треба да направите:

 

Полека одделете еден лист од зелката. Листот треба да се стави да отстои неколку минути во врела вода. Ќе стане топол и мек. Потоа едната страна премачкајте ја со мед. Страната каде што е намачкан медот, ставете ја на градите на пациентот. Одозгора ставете најлонска кеса и завиткајте се со шал или пешкир. Постапката се изведува пред спиење.

 

5

 

Ако кашлицата е силна, ќе бидат потребни два листови од зелка – еден ќе се стави на градите, а другиот на грбот. Облогот тргнете го наутро. Кожата избришете ја со влажна крпа.

 

Ако бронхитисот е на почетокот, резултатот ќе биде видлив само по првата процедура. Третманот се изведува од пет до седум ноќи. И наскоро, од товарот на кашлање, нема да има трага.

 

Активните состојки на медот и зелката, како и топлината, придонесуваат за намалување на кашлицата и исчезнување на воспалителниот процес. Медот наизменично, можете да го замените со топло рициново масло.

 

 

Регистрирај се

Направи свој кориснички профил

Изјавувам дека горните податоци се точни и ги прифаќам условите за користење и Политиката на заштита на лични податоци на веб страницата moemeni.mk.

Регистрирај се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да:

Најави се

Најави се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да: