Занимливости
Извлечете го најдоброто од секој препарат

Изгледа дека тајната на препаратите за нега на изгледот не е само во самите нив, туку и во тоа како ги користите. Затоа е важно да знаете што треба да направите пред на лицето да нанесете некоја маска, крема со хијалурон или лосион протв акни за навистина да имате ефект.

 

Пилинг пред хијалуронски креми

 

images_products_creamy-face-scrub_4

 

За вашата крема или серум со хијалурон навистина да делува потребно е претходно да направите пилинг на лицето. Мртвите клетки може да го блокираат делувањето на хијалуронската киселина, затоа треба да ги исчистите порите. Исто така добро е што ако нанесете крема после пилингот, црвенилото брзо ќе исчезне. Сепак, посоветувајте се со козметичар за колку често треба да правите пилинг за да избегнете иритации.

 

Серум пред заштитен фактор

 

Ако ви изгледа дека кремата за сонце не ви делува најдобро, причината веројатно е во тоа што пред неа не сте нанеле антиоксидантен серум. Препарат со комбинација на витамини Ц и Е, кои одлично делуваат заедно и се борат против слободните радикали и гарантираат дека вашата заштитна крема од сонце ќе биде ефикасна во текот на топлите летни денови. Важно е само да почекате 1-2 минути помеѓу нанесување на серумот и кремата.

 

Лосион за чистење пред ретинол

 

asrezibaei-toner-stock-today

 

Ретинолот и понатаму е незаменлив во борбата против стареење. За овој дериват на витамин А би ја вршел својата работа во враќањето на колагенот на кожата и ублажување на брчките, прво морате од лицето да ги отстраните вишокот маснотии и себум. Најдобро решение е благ тоник со кој ќе го исчистите лицето, а потоа ќе нанесете од соодветниот препарат со ретинол.

 

Активен јаглен пред третирање на акните

 

homemade-diy-natural-blackhead-busting-blackout-mask-with-activated-charcoal-1080x675

 

Кога следниот пат на лицето ќе ви се појават акни, сетете се на маската од активен јаглен. Јагленот одлчично ги чисти порите бидејќи е како магнет за токсини и митесери, кои се совршени за развој на бактерии и воспаленија. Така препаратите за борба против акни полесно ќе делуваат на изворот на проблемот. Внимавајте само маската да не содржи гликолна киселина, која може дополнително да ја иритира кожата.

 

Регистрирај се

Направи свој кориснички профил

Изјавувам дека горните податоци се точни и ги прифаќам условите за користење и Политиката на заштита на лични податоци на веб страницата moemeni.mk.

Регистрирај се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да:

Најави се

Најави се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да: