Занимливости
Како да ги отстраните масните наслаги од рацете

Често постојат ситуации кога е потребно да ослабете, но само на одредени делови од телото – на пример – рацете.

 

Повеќето ќе побараат некоја максимално ефикасна диета. Само диета (или корегирана исхрана) е недоволно. Со неа може да се отстранат само мал дел од масните наслаги на рацете, но мускулите нема да се зајакнат. Во такви случаи, можат да помогнат само одредени вежби.

 

Обидете се да одвоите десет минути дневно за овие вежби:

 

Од сите постоечки вежби за губење на масните наслаги на рацете, на прво (и заслужено) место по ефективност се склековите. Тие во голема мера ги зајакнуваат мускулите, може да се направат со потпирање на подот или ѕидот, или на начин што ви одговара.

 

482d4566494adf6f_8589c22c445d63e2_0e7e9800cb65fd44_Tricep-Push-Up

 

Вежбата „Plank” е исто така одлично решение за интензивен тренинг на рацете.

 

download

 

Но, тоа не е сè.

 

За да ги тонирате ослабените мускули и да го подобрите генералниот изглед на раката и рамената, барем секој втор ден вежбајте со лесни тегови кои ќе ви дадат одличен резултат. Наместо тегови, можете да користите помали пластични шишиња наполнети со вода или песок.

 

Погледнете го видеото со неколку вежби за слабеење и тонирање на рацете и започнете со вежбање уште денес!

 

https://www.youtube.com/watch?v=hAGfBjvIRFI

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: