Занимливости
Како да го прочистите организмот со ориз?

Многу често луѓето си го загрозуваат здравјето со штетна и неквалитетна храна често заборавајќи на фактот дека здравјето и младоста нема да се вратат.

 

Јасно е дека сите штетни материи прават депонија во организмот. Тие го нарушуваат нормалниот ритам на неговата работа, го уништуваат метаболизмот и луѓето почнуваат да се чувствуваат многу лошо. Можат да доживуваат симптоми како слабост, поспаност, конфузија, чести настинки, општ пад на имунитетот.

 

Затоа, многу е важно да се исчисти организмот од токсините. Постојат разни методи за детоксикација и проверени начини за прочистување на организмот, меѓу нив е онаа со примена на ориз.

 

Овој метод дава многу добри резултати и е многу корисен. Следете ги овие едноставни чекори и прочистете го организмот.

 

02

 

– Количината на оризот мерете ја според годините (ако имате 35 години, земете 35 лажици). Оризот добро измијте го и ставете го во стаклена тегла.

– Теглата наполнете ја со топла, зовриена вода, затворете ја со капак и оставете ја во фрижидер.

– Утредента целата вода исцедете ја. Земете 1 полна супена лажица ориз и варете го 3-4 минути без сол (во друга зовриена вода).

– Изедете го оризот на празен стомак, пожелно до 8 часот наутро.

– Преостанатиот ориз повторно полијте го со зовриена и оладена вода и оставете го во фрижидер до следното утро.

 

Оваа процедура за чистење на организмот повторувајте ја секој ден додека има ориз во теглата.

 

Тајната на методот се крие во зрното ориз, кој има кристална структура. Кога зрната ќе се натопат во вода, скробот се отстранува и клетките се појавуваат. Оризот се вари во цревата, а не во желудникот, зрната дејствуваат како апсорбер.

 

Овој метод ги прочистува цревата, крвните садови, зглобовите и другите делови од телото од токсини, тешки метали и други штетни материи. Чистењето на организмот со ориз помага да се нормализира метаболизмот и да се регулира вишокот на телесна тежина.

 

По третманот ќе се чувствувате не само поздраво, но исто така и помладо. Постои еден услов: по земањето ориз во утринските часови, препорачливо е да не се јаде и пие барем 3 часа.

 

По ова чистење на организмот, болките во грбот, вратот, зглобовите исчезнуваат.

 

Ефектот на третманот не е моментален, но постепен. По две недели почнува чистење на организмот. И ќе го забележите. Токсините ќе бидат исфрлени преку урина и измет. Бојата на урината ќе се промени, станува матна. И ќе се чувствувате подобро и поздраво. По одредено време на консумирање на оризот, се активира само-чистењето на организмот, кое ќе продолжи само, после третманот во рок од неколку месеци. По истекот, ќе почувствувате одлични резултати.

 

Не заборавајте да внесувате течност во вашето тело – минимум 2 литри дневно. Најдобро е да консумирате вода и зелен чај.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: