Занимливости
Како да исечкате кромид без да плачете?

Штом ќе започнете да го лупите кромидот, тоа почнува да ги иритира очите, а потоа кога го сечете на парчиња почнуваат да капат солзите. Зошто настанува и пред сè како да се избегне оваа непријатност?

 

Во оваа статија ќе објасниме што ја предизвикува оваа појава и најважно: ќе ви покажеме неколку трикови како да го исечете кромидот без да плачете!

 

Зошто кромидот ги солзи очите?

 

01

 

За време на неговиот развој, кромидот апсорбира сулфур кој произведува супстанца, па при сечењето на кромид, таа супстанца се испушта и ги иритира нервните завршетоци на окото, особено рожницата.

 

Накратко, солзите се резултат од реакција на организмот на туѓа материја. Затоа започнуваме да плачеме.

 

Сечете кромид без да плачете: 10 одлични трикови

 

1) Секогаш одржувајте растојание додека сечете кромид. Не го приближувајте лицето премногу за кромидот и не ги протривајте очите со прстите откако ќе го допрете кромдиот.

 

2) Очилата може да бидат одлична заштита. Леќите на очилата може да ви помогнат очите да ви бидат заштитени и да не заплакате додека сечете кромид.

 

3) Никогаш не го сечете кромидот без да го излупите. Некогаш за полесно да го излупите кромидот, ги отсекувате краевите, но на овој начин полесно започнува ослободувањето на супстанциите кои ги иритираат очите. Следен пат пробајте да го излупите кромидот со прстите без да употребите нож.

 

4) Откако целосно ќе го излупите кромидот, лушпата веднаш фрлете ја во ѓубре. На овој начин ќе спречите една од можностите за брза иритација на очите.

 

5) Исплакнете го излупениот кромид под млаз ладна вода, или ставете го во сад со ладна вода. Преполовете го и повторно исплакнете ги добро парчињата од кромидот. Земете ја едната половина, а втората ставете ја далеку настрана од работната површина, свртена од исечената страна кон површината.

 

01

 

6) Исечкајте ја едната половина од кромидот (исплакната со вода) и уште еднаш измијте ги парченцата кромид. Веднаш префрлете го кромидот во тенџере далеку од работната површина и покријте со капак. Очите може да ве пецкаат бидејќи ќе бидете во контакт со кромидот особено ако се чувствителни, но далеку од тоа дека ќе солзат.

 

7) Пред сечење на кромид, ножот ставете го во замрзнувач околу 10-тина минути или добро исплакнете го под млаз ладна вода. Овој трик може ви се чини како „бабина деветина“, но е многу едноставен и може да ви помогне да ја намалите иритацијата на очите и да не плачете при сечење на кромидот.

 

8) Исто така помага и кромидот во замрзнувач: оладете го половина час пред да го исечете. Ладното ќе го намали испуштањето на материите од кромидот и автоматски ќе го забави процесот на солзење. Ако сè уште очите солзат, исплакнете го кромидот под млаз ладна вода пред да продолжите со сечење.

 

 

9) На даска за сечење ставете кругови лимон и сечете го кромидот на даската. Овој трик исто така ќе ви помогне да се ослободите од навлегувањето на мирисот од кромид на даската за сечење.

 

01

 

10) Наполнете половина чаша со вода и додајте оцет. Откако ќе го исечете кромидот на два или четири дела, попрскајте го со разредениот оцет или потопете ги парчињата најмалку 5 минути пред да започнете ситно да го сечкате.

 

 

 

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: