Занимливости
Како да се вратите во работно расположение по одморот

Да се вратите на работа или во училиште по невообичаената пауза – дали се работи за само три дена, или пак, целото лето – може да биде брутално. Нема повеќе безгрижни и долги денови и нема спиење без алармот да ве буди наутро.

 

Еве како да избегнете премногу шок и да се вратите лесно во режимот на продуктивноста.

 

 

1. Започнете го денот правилно: добро одморени и со добар појадок

 

Без оглед на вашите навики во текот на одморот, првиот ден ќе биде многу помалку стресен ако добро сте се наспале и сте подготвиле сè што ви треба за следното утро за да не брзате да појадувате.

Подгответе овесна каша со млеко уште од вечерта или наутро направете пржени јајца за помалку од минута заедно со цеден сок од овошје.

 

Ако имате време, направете мали вежби за истегнување наутро. Време е за расонување и враќање во реалноста!

 

 

2. Отидете порано на работа

 

Голем притисок е кога одеднаш ви даваат куп задачи и работни обврски веднаш штом ќе влезете низ вратата, особено по долга пауза. Ако сочувствувате со ова, обидете се да одите на работа или училиште малку порано за да може да се припремите сами и да ги средите мислите пред да бидете бомбардирани од колегите, шефот или соучениците.

 

3. Испланирајте ги денот и неделата

 

Ако имате неколку драгоцени екстра минути од вашиот ден за себе, искористете ги за да се организирате и да поставите приоритет на вашите задачи. Изберете ги најважните работи што треба да ги направите и ставете ги на вашата листа и распоредете ги помалку итните во текот на целата недела.

 

За учениците и студентите, креирањето на студиски план и рутина на почетокот на семестарот е од клучно значење. Користете планер или онлајн календар, не само за да ги распоредите сите часови, туку и да го организирате времето што ви преостанува за да се подготвувате за проекти.

 

Овој организациски дел и навика може да ви помогне во работата или студирањето – испланирајте го денот и бидете продуктивни.

 

4. Започнете со мали нешта што можете веднаш да ги завршите

 

Ако сеуште се чувствувате дека сте присутни само физички, започнете го почетничкиот чекор со извршување на една мала задача. Најнапред направете листа на задачи што сакате да ги извршите во денот (видете го чекор 3), и осигурајте се дека има лесна задача на врвот. Нешто едноставно, но сепак важно. Нема ништо повозбудливо од прешкртување на активност од вашата листа.

 

За студентите, вашите мали задачи на почетокот на годината се да се ориентирате. Посетувајте ги вашите први часови. Прочитајте ги наставните програми. Бидете сигурни дека ги имате сите материјали и книги што ви требаат (или направете белешки и подготовки за да ги добиете). На добар почеток сте.

 

5. Справувајте се со мејловите според нивната важност

 

Ако има едно нешто што веднаш ќе го уништи вашето расположени после одмор, тоа е гледање на вашата заостаната е-пошта, која може да биде огромна. Автоматското бришење на сите мејлови додека сте на одмор е екстремна мерка за овој чест проблем, но постојат многу други начини да се справите со е-поштата после одморот.

 

За да почнете со побрзо прилагодување, ќе сакате брзо да работите на овие пораки. Поставете филтри на вашата е-пошта од страна на испраќачот и / или субјектите за да бидете сигурни дека немате недостаток на важни е-пораки (филтрирањето на приоритетните пораки во инбокс на Gmail прави добра работа за идентификување на нив за вас). Брзо скенирање на преостанатите пораки ќе биде доволно за да ви помогне да ја избришете масовната е-пошта, а потоа да ги обработувате останатите пораки хронолошки или преку разговор или други критериуми за сортирање. Самото чувство дека пораките можат да се средат и имањето стратегија за нивно средување ја прави транзицијата назад да работа многу полесна.

 

6. Заминување порано и други тактики

 

Повеќето училишта ги започнуваат своите семестри со скратени часови за да се олесни почетокот на годината. Ако имате флексибилно време на работа, заминување 1-2 часа порано првите денови е тактика со која враќањето во работниот режим е полесно.

 

Враќањето во реалното секојдневие со работа, училиште и обврски после одмор најдобро може да се направи со враќање во рутина и правење на овие  едноставни единечни чекори кои ќе ве стават во вистинскиот начин на размислување повторно.

 

 

Регистрирај се

Направи свој кориснички профил

Изјавувам дека горните податоци се точни и ги прифаќам условите за користење и Политиката на заштита на лични податоци на веб страницата moemeni.mk.

Регистрирај се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да:

Најави се

Најави се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да: