Занимливости
Како се прави одличен омлет?

Доколку вашиот омлет секогаш е сув и грутчест, следете ги следните совети за да можете конечно да уживате во вкусниот омлет. Треба да знаете дека не е воопшто едноставно да се направи одличен омлет. Постојат разни фактори кои влијаат на конечниот резултат, како што се температурата на јајцата, изматеноста, топлината на која се пржат. Најчестата доза се две јајца и малку путер за порција.

 

1. Скршете ги јајцата во еден сад и матете ги брзо со вилушка сè додека не се измешаат жолчките со белките. Почетното матење е важно за добар краен резултат. Тоа треба да биде кратко, во спротивно наместо кајгана, ќе добиете пржени јајца.

 

2. Не користете ладни јајца поради тоа што наглото менување на температурата ќе ја наруши ровкоста на омлетот. Јајцата извадете ги од фрижидерот најмалку половина час пред да ги употребите.

 

3. Додајте малку вода (по една лажица за секое јајце) доколку сакате многу мек омлет. Доколку ги сакате кремасти, водата заменете ја со млеко, павлака или оладен, растопен путер. Во секој случај, додавајте ја течноста без да матите многу.

 

4. На јајцата додајте сол (прстофат сол за секое јајце) и бибер (половина прстофат за две јајца) или црвен пипер. Матете ги јацата уште неколку секунди. Во оваа фаза на јајцата можете да им додадете и исечкани ароматични тревки.

 

5. Смесата сипете ја во тавче кое веќе сте го загреале путерот. Ставете го тавчето на рингла и пржете го омлетот на многу тивок оган, мешајќи со дрвена лажица. Омлетот може да го пржите и на следниот начин – ставете го садот во поголем сад со зовриена вода.

 

6. Продолжете да ги мешате јајцата со дрвена лажица сè додека смесата не стане хомоген крем. Тргнете го омлетот од оган и веднаш сервирајте го во чинија. Доколку го оставите во топлото тавче, омлетот ќе се исуши.

 

7. Омлетот може да го послужите за различни пригоди. Може да послужи како главно јадење или како предјадење. Одличен е доколку е збогатен со печурки, ракчиња или лосос.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: