Занимливости
Како за 1 ден да се ослободите од затнат и растечен нос

Првите симптоми на настинка се растечениот и затнатиот нос.

Неспособноста за назално дишење предизвикува најмногу непријатности. Како резултат на тоа, вдишуваме преку устата што доведува до суво грло и кашлица. Во исто време, недостатокот на кислород предизвикува главоболка, лошо расположение и раздразливост.

 

Доколку ги забележите првите симптоми, најдобро ќе биде веднаш да почнете со лекување.

 

Во овој случај, лекувањето е лесно и брзо. Повторното нормално дишење е важен чекор во третманот на настинки и можете да го направите во вашиот дом.

Ако ги следите следниве упатства, можете да го направите во рок од еден до два дена.

 

Пробајте и самите уверете се: 

 

1. При првите симптоми на течење на нос помага испирањето

 

01

 

Подгответе солен раствор – на 500 мл вода ставете 1 кафена лажичка морска сол (или обична сол). Во топлата зовриена вода ставете ја солта, измешајте и почекајте да се олади водата до 34-36 ° C.

 

Исекнете го носот, застанете над мијалникот, наведнете се нанапред, навалете ја главата настрана и почнете да го налевате солениот раствор во едната ноздрва. Потоа сменете ја страната и повторете ја постапката додека да го искористите целиот раствор.

Солената вода може да ја истурате со чаша, шише или голем шприц без игла. Кога ќе истурите од течноста во едната ноздрва, течноста се излева од другата.

 

Не постои непријатност, дури ни за децата. Оваа постапка е многу ефикасна. Ако ја повторувате на секои 2-3 часа во текот на денот, следниот ден ќе заборавите дека воопшто сте имале проблеми со затнат нос.

 

2. Јод против првите симптоми на течење на носот

 

DSCN3371_новый-размер

 

Ако, за време на првите симптоми на течење на носот ставите јод на ноздрите и меѓу веѓите, ќе го заборавите овој проблем до утрото.

 

Земете стапче за нос и натопете го во јод и го ставете точки на двете страни на носот и една меѓу веѓите (како на сликата). Овој метод е исто така ефикасен за затнат нос. Се применува секоја вечер, пред спиење, 5 дена по ред. Корисно е за деца и за возрасни.

 

3. Одлично народно средство против запушен нос се обични јајца од кокошка

 

За ова, треба да сварите 2 јајца, да ги завиткате во дебела ткаенина и топлите јајца ставете ги на двете страни од носот. Се препорачува загревање на синусите на овој начин 15 минути, неколку пати на ден. Ќе се почувствувате олеснување, уште во првите минути од затоплувањето.

 

Истото можете да го направите и со загреана сол која ќе ја ставите во марамче.

 

4. Ако носот ви тече, следнава природна мешавина е многу ефикасна:

 

DSCN3476_новый-размер

 

На свежо цеден сок од морков додајте сончогледово или маслиново масло во сооднос 1:1 и промешајте. Од добиената смеса капнете во секоја ноздра по неколку пати, 6-8 пати во текот на денот. Ова е многу ефикасно средство за деца и возрасни.

 

5. Метод на дишење Бујтеко

 

Повеќе од 85% од луѓето можат да го отпушат носот за помалку од 1 минута ако правилно ги следат инструкциите опишани подолу. Овој метод бил тестиран на повеќе од 100.000 луѓе.

 

Едноставно вежбање со дишење под наслов “Методот на дишење Бутејко” било откриено од страна на руски лекари.

 

Суштината на вежбата:

 

nn-1-e1461606246363

 

– Седнете на стол. Опуштете се.

– За време на самата вежба (дури и по нејзиното завршување), чувајте ја устата затворена. Ова е задолжителен услов за успешно направена вежба.

– Дишете преку носот (по можност) или преку устата (ако не можете поинаку).

– Сега задржете го здивот, стегајќи го носот. Полека кимајте со главата.

– Во оваа фаза, устата е затворена. Кога сакате да издишите – продолжете да го држите затворен носот и кимнете ја главата.

– Продолжете додека не почувствувате непријатност и потреба од дишење. Не се доведувајте во ситуација да помодрите. Само чувајте го здивот онолку колку што можете.

– Сега пуштете го носот и дишете. Устата се уште е затворена.

– Еден длабок здив, и во следните неколку минути дишете, мирно и спокојно, седејќи на стол.

 

Ако има потреба – повторете ја вежбата. Овие совети помагаат, не само во случај на затнат нос, туку исто така им помагаат на луѓето кои страдаат од хронични проблеми со синус и полипи.

 

 

 

 

 

 

 

 

Регистрирај се

Направи свој кориснички профил

Изјавувам дека горните податоци се точни и ги прифаќам условите за користење и Политиката на заштита на лични податоци на веб страницата moemeni.mk.

Регистрирај се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да:

Најави се

Најави се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да: