Занимливости
Какви сте во кујната според хороскопскиот знак?

Откријте кои хороскопски знаци се родени за воспоставување ред и дисциплина во кујната и домот, а кои не се радуваат премногу на домаќинските работи:

 

Овен: Претставниците на овој хороскопски знак најчесто воопшто не се грижат за редот во кујната, како и во целата куќа. Можат да се потрудат да подготват нешто извонредно, меѓутоа од тоа не произлегува искрена желба и радост.

 

Бик: Еве кој се грижи кујната секогаш да биде во најдобар ред, меѓутоа има еден мал детал – тоа да го прави некој друг, не Бикот. Тој секогаш ќе најде некој кому ќе му го препушти задоволството за готвење и „домаќинлук“, а тој успешно ќе го контролира секој чекор.

 

Близнаци: Близнаците знаат да бидат одлични готвачи и домаќини, кога на некој друг тоа му е потребно. Работата во кујната не ги мотивира премногу кога се работи за нив, меѓутоа за саканите многу лесно може да зготват со љубов.

 

Рак: Раковите се доста брзи и со леснотија се справуваат со домаќинските работи. За нив воопшто не преставува тешкотија секој ден да одвојат време за тоа. Нивното мото е: за посакуваниот ред, потребна е работа.

 

Лав: Претставниците на овој хороскопски знак, исто како Биковите, многу лесно знаат работата да ја препуштат на некој друг. Сепак, Лавовите очајнички се трудат да воспостават ред, дури и да зготват, ако животот ги натера на тоа.

 

Девица: Пред вас стои совршената домаќинка! Претставниците на овој знак најмногу ги ценат редот и дисциплината. Кај нив сите работи одат по планот, а ако нешто не е како што треба, расположението на Девиците во истиот момент се уништува. Во кујната и во домот може да направат пријатна атмосфера и ред, но ако некој истите ги извалка, тешко него!

 

Скорпија: Претставниците на овој хороскопски знак се вистински револуционери во сферата на домаќинството. Ако започнат со готвење на едноставен рецепт, може одеднаш да се сетат да припремат шведска маса.

 

Стрелец: Стрелците не само што не сакаат да припремаат јадење, тие намерно ја игнорираат потполната чистота во кујната и домот. За нив право место е да се остават работите насекаде – така е и кога готват, доколку се решат на таков голем чекор.

 

Јарец: Претставниците на овој знак бираат еден ден во неделата каде што ќе се посветат на готвење и работење во кујната. Не готват често, но тоа го прават квалитетно. Истото е и со чистењето и одржувањето на домот и кујната.

 

Водолија: Водолиите не поднесуваат неред во домот и во кујната. Многу лесно може да се иритираат, а проблемот е тоа што за нив ред претставува само тоа што тие го направиле. Помошта е добродојдена, меѓутоа не ги задоволува претерано. Меѓутоа ако работите се одвиваат по наредба на Водолиите, тогаш тие се среќни.

 

Риби: Овие уметнички души не забораваат на вкусната вечера за целото семејство и се грижат секогаш работите да бидат на своето место.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: