Занимливости
Киселата зелка ги топи калориите!!!

Во празничните и зимските денови тешко е да се одолее на вкусната храна и да се зачува линијата. Затоа, јадете кисела зелка и уверете се во нејзините неверојатни моќи.

 

Општопознато е дека киселата зелка е богата со витамини, особено витамин Ц, како и железо, фосфор, калциум и магнезиум, што ја прави идеална храна во зимски денови. Покрај тоа, благодарение на витаминот Ц и фитонутритиентите, добиени во процесот на киселењето, таа го подобрува имунолошкиот систем и делува како вистински пробиотик.

 

Киселата зелка има ниска енергетска вредност, само 18 калории во 100 грама. Ова значи дека ако изедете порција од еден килограм кисела зелка, сите тие калории ќе ги согорите за 40 минути пешачење или 15 минути трчање – според истражувањата на нутриционистите.

 

А, во прилог на тоа дека е одличен пријател на нашата линија, доволно е да кажеме дека изобилува со билни влакна, што ја прави вистинска намирница за правилно варење.

 

Киселата зелка е благодет за варењето. Како и пробиотскиот јогурт, содржи корисни бактерии како што е Laltobacilus plantarum, која го зајакнува имунитетот, спречува развој на ешерихија коли, салмонела, кандида и помага во борбата против слободните радикали.

 

Чаша кисела зелка содржи:

  • 44 калории
  • 2,2 г протеини
  • 0,4 г масти
  • 6,8 г јаглехидрати
  • 8 г влакна
  • 18 мг витамин Ц

 

Оваа здрава намирница го помага варењето, особено на житарици и мешунки, како и помасни оброци бидејќи нејзината блага киселост го забрзува разложувањето на мастите. Затоа се користи и за решавање на проблемот хроничен запек, каде што се препорачуваат 2-3 лажици расол пред секој оброк.

 

Една до две чаши расол дневно помага за намалување на апетитот. Пробајте, здраво е во секоја смисла.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: