Занимливости
Најдобрите европски дестинации за опуштање во септември

Некои луѓе штотуку се вратија од одмор, други се жалат дека завршил, а пак некои се еуфорични бидејќи конечно ќе можат да прошетаат. Септември е совршен месец за одмори: нема премногу туристи и цените се 30% пониски отколку во август. Летото сè уште не е завршено – всушност за некој допрва треба да започне!

 

За вас одвоивме 5 одлични дестинации во Европа за претстојната сезона:

 

Форментера, Шпанија

 

14270661747_67488d1c9c_k-845x557

 

Заедно со Ибица, Форментера се смета за прекрасен остров што секој сака да го види барем еднаш во својот живот. Цените обично се проблем (заедно со толпата), меѓутоа Форментера е вистински рај во септември, а летовите се со многу попристапни цени.

 

Фавињана, Сицилија, Италија

 

9626530692_ac1722ec81_o-845x561

 

Островот Фавињана неодамна го крунисаа за една од најпосакуваните дестинации од страна на Италијанците и странците. За жал, во втората половина на август е тешто пристапна и е речиси невозможно да се најде хотелска соба, освен ако не сте биле доволно мудри да го резервирате своето место уште во февруари. Затоа во септември, откако сите си заминале, Фавињана ја изведува својата магија и станува уште поубаво.

 

Дубровник, Хрватска

 

15407430506_58686ec521_k-845x475

 

Хрватска има неоткриена убавина за која што не можете ни да сонувате (освен ако не сте биле таму, се разбира). Дубровник е апсолутна кралица на земјата, со своите сини води, врвната храна која е особено евтина надвор од високата сезона. Ако ја посетите, можете исто така да одите на малиот остров Локрум, веднаш до Дубровник: ќе бидете само вие и пауните.

 

Истанбул, Турција

 

33424106833_401be3f4d9_k-845x563

 

Еден од најмистериозните градови на планетата, Истанбул ги премостува Европа и Азија, а е најдобар за посета во септември. Климата е умерена, плажите не се толку преполни (го препорачуваме малиот остров Кизил Адалар), а откривањата на многуте убавини на овој град сигурно ќе биде вистинско уживање за вас.

 

 

Родос, Грција

 

Rhodes_1

 

Истата приказна: туристи од целиот свет доаѓаат во Грција – треба да бидете благодарни што земјата има околу 100 острови, во спротивно каде би се сместиле? За да луѓето што помалку се мешаат во вашиот личен простор, септември е идеално време за посета. Го избравме Родос, бидејќи е еден од најголемите грчки острови, со рекорден број на туристи во август. Плажите (познати како едни од најубавите во светот) ќе бидат само ваши во септември, а летовите ќе бидат значително поевтини!

 

 

 

Регистрирај се

Направи свој кориснички профил

Изјавувам дека горните податоци се точни и ги прифаќам условите за користење и Политиката на заштита на лични податоци на веб страницата moemeni.mk.

Регистрирај се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да:

Најави се

Најави се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да: