Занимливости
Не го прикривајте недостатокот на витамини со шминка

Безуспешно пробувате со шминка да го решите проблемот со отечените очни капаци, бледи усни и кожа? Дали сте знаеле дека покрај тоа што ви го расипуваат изгледот, можат да ви укажат и на хроничен недостаток на некои витамини и минерали?

 

Понекогаш огледалото може да биде најдобар дијагностичар. Затоа внимателно погледнете се – каква е бојата на вашиот тен, како ви изгледаат очите и слично. Доколку забележите нешто необично, не паничете. Големиот дел од тие недостатоци можете да ги решите со правилна исхрана. Значи, за да негувате убав изглед, не се доволни само скапи креми и други препарати, туку понекогаш е неопходно да погледнете во фрижидерот.

 

Бледа кожа – недостаток на витамин Б12

 

Дали секое утро ставате бронзер за да не изгледате како вампир? Се покажало дека бледата кожа не мора да биде резултат на недостаток на сонце туку на витамин Б12. Докторите објаснуваат дека недостатокот на витамин Б12 може да доведе до изнемоштеност, губење здив, главоболка и бледа кожа.

 

  • Што треба да јадете?

 

Во исхраната вклучете лосос, црвено месо, житарици, јогурт и сирење.

 

Бледи усни – недостаток на железо

 

lipsfuller-720

 

Внимателно набљудување на усните е одличен начин да се провери нивото на железо. Докторите во долгогодишната пракса велат дека луѓето со бледи усни обично имаат ниско ниво на железо во крвта. Доколку не се третира, овој проблем може да доведе до анемија које се манифестира со умор, слаб имунитет, бледило и чукање на срцето.

 

  • Што треба да јадете?

 

Јадете повеќе црвено месо, морски плодови, грав, темнозелен листест зеленчук, житарици збогатени со железо и грашак.

 

Сува коса – недостаток на витамин Б7

 

Splitting ends of Hair

 

Сувата коса најчесто е знак на недостаток на биотин, познат како витамин Х или Б7 кој му помага на организмот храната да ја претвори во енергија и има важна улога во функционирањето на нервниот систем и срцето.

Недостатокот на тој витамин резултира со опаѓање на коса, перутање и црвенило на кожата околу очите, носот и устата, а можна е и појава на чувство на умор или пецкање во рацете и нозете.

 

  • Што треба да јадете

 

Јадете повеќе јајца, бадеми, ореви, јатки и житарици.

 

Потечени очи – недостаток на јод

 

Ова е нешто што повеќето од нас се навикнати да го гледаат наутро, особено ако не сме добро наспани. Меѓутоа, ако очите ви се потечени во текот на целиот ден, тоа може да биде знак за недостаток на јод.

Јодот е минерал кој е неопходен за правилната работа на штитната жлезда и адекватно производство на тироидни хормони.

 

  • Што треба да јадете

 

Јадете повеќе морски плодови, брусници, компир, јагоди, спанаќ и грав.

 

Крварење на непцето – недостаток на витамин Ц

 

02

 

Ако забележите крв додека миете заби или кога ги чистите со конец, веројатно страдате од недостаток на витамин Ц. Овој витамин ги штити клетките, ја прави кожата здрава и свежа, влијае на крвните садови, коските и го забрзува зараснувањето на раните.

Недостаток на витамин Ц може да предизвика болки во мускулите и зглобовите, замор, црвенило на кожата, оток и крварење на непцата. Човечкиот организам не може сам од себе да произведе витамин Ц, па затоа е неопходно исхраната да биде богата со овој витамин.

 

  • Што да јадете

 

Редовно јадете портокали, црвена пиперка, кељ, брокула, јагоди и црвен цитрон.

 

И една слатка вест: сите треба да јадеме темно чоколадо бидејќи е богато со антиоксиданти. Какаото, неговата главна состојка, го подобрува крвотокот, што ја прави кожата блескава.

 

Регистрирај се

Направи свој кориснички профил

Изјавувам дека горните податоци се точни и ги прифаќам условите за користење и Политиката на заштита на лични податоци на веб страницата moemeni.mk.

Регистрирај се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да:

Најави се

Најави се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да: