Занимливости
Зошто треба да ставате ореви во овошната салата

Исечкајте го овошјето, ставете го во чинија и послужете – се чини дека подготовката на овошна салата баш и не е некаква филозофија. Сепак, постојат некои трикови со кои од овошната салата ќе го извлечете најдоброто.

 

Освежителните, вкусните и здравите овошни салати се најпопуларни во летниот период. Иако припремата на овие здрави јадења не изгледа којзнае колку комплицирано, за вас откриваме мали трикови со кој може да го подобрите вкусот на обичната овошна салата и да го извлечете најдоброто од неа.

 

Овошна салата во комбинација со ореви 

 

Ако салатата ја украсите со ореви или со друг јаткаст плод, ќе му обезбедите на вашиот организам енергија за целиот ден.

 

Јаткастите плодови се одличен додаток на овошните салати. Бидејќи се со поголема калориска вредност, јаткастите плодови доколку ги додадете во вашата овошна салата, може да добиете комплетен и здрав оброк.

 

Бенефитите од јаткастите плодови

 

Јатките се богати со витамин Е, магнезиум и селен. Овие намирници исто така се одличен извор на антиоксидантот – полифенол кој ги штити нашите клетки од оштетување.

 

Тука не завршуваат бенефитите и позитивните ефекти на јаткастите плодови – соединенијата од оревите го намалуваат таканаречениот лош, а го зголемуваат добриот холестерол, го стабилизираат нивото на шеќер во крвта, ги смируваат воспалителните процеси и ја стимулираат работата на цревата благодарение на високиот процент на растителни влакна.

 

Рецепти

 

И за крај, за вас одвоивме неколку од нашите омилени рецепти за овошни салати со ореви. Се надеваме дека ќе ви се допаднат! 🙂

 

 

овошна салата со мед и ореви

 

 

мароканска салата

 

 

овошна салата со ореви

 

 

валдорф

 

 

овошна салата со пченица и суво грозје

 

Регистрирај се

Направи свој кориснички профил

Изјавувам дека горните податоци се точни и ги прифаќам условите за користење и Политиката на заштита на лични податоци на веб страницата moemeni.mk.

Регистрирај се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да:

Најави се

Најави се со Фејсбук

Како регистриран корисник ќе можете да: