Занимливости
Начини за ублажување на симптомите на реума

Сите што патат од реума знаат колку е тешко. За основниот причинител на оваа автоимуна болест лек нема, меѓутоа симптомите може да се ублажат.

 

Симптоми и причинители

 

Ревматските болести претставуваат збир на разни заболувања што се пропратени со запаление, отоци, болки во зглобовите, мускулите и тетивите, како и намалена подвижност. Повеќето од овие заболувања се автоимуни, што значи дека настануваат поради пореметувањата во функционирањето на имунолошкиот систем, кога организмот започнува да ги напаѓа сопствените клетки. Од овие болести најчесто патат личностите со генетски предиспозиции, меѓутоа тие се предизвикани и од надворешната средина.

 

Најчести ревматски заболувања

 

Најчести ревматски заболувања се остеоартритис, ревматски артритис, системски лупус еритематозус (СЛЕ), гихт, фибромијалгија и склеродерма. Најчесто од овие заболувања е остеоартритис. Обично ги зафаќа зглобовите на колената, куковите, вратот, прстите и долниот дел од грбот.

 

01

 

Во екстремни случаеви зглобот може целосно да се оштети, а последиците се силни болки, оток и тешкотии при движење. Од тоа заболуваат најчесто лица над 65 години.

 

Жените најмногу страдаат од артритис

 

Заболување што најмногу ги погодува жените е реуматоиден артритис, а може да се јави и во младоста.

 

Избалансирана исхрана и физичка активност

 

Големиот проблем кај сите овие болести е што нема лек. Меѓутоа постои терапија што ги ублажува болките и запалението. Сите што патат од ревматски болести може да си го подобрат квалитетот на животот со примена на лекови, избалансирана исхрана, физичка активност и релаксирачки методи.

 

05

 

Лекови

 

При лекувањето најчесто се користат аналгетици, нестероидни антивоспалителни лекови, локални аналгетици за надворешна употреба (кремови и гелови), како и диететски препарати врз база на глукозамин, хондроитин и алое.

 

Избегнувајте ги кафето и алкохолот 

 

Доколку страдате од ревматски болести, дневното мени на исхрана треба да содржи и да се базира на овошје и зеленчук. Намалете ја консумацијата на сол, а кафето и алкохолот избегнувајте ги или уште подобро целосно отфрлете ги од секојдневната исхрана.

 

Јадете помалку месо и млечни производи 

 

Рибата, овошјето и зеленчукот, како и интегралните житарки, билните масла со омега 3 масни киселини треба да бидат секојдневни состојки во вашата исхрана, за разлика од месото и млечните производи.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: