Занимливости
Што прво гледате на сликите ја открива вашата потсвест

Првите работи што ги забележувате без многу анализирање и размислување може да ја отсликаат нашата внатрешна состојба и тоа како се чувствуваме во моментот. Двосмислени слики со скриени фигури во нив може да ви помогнат да се разберете себеси и ставот кон животот генерално.

 

За вас подготвивме тест што ќе ви помогне да ги протолкувате сигналите на вашата потсвест. Тоа што треба да го направите е лесно: обрнете внимание на фигурите што прво ќе ги видите на сликите подолу.

 

1. Лице или риба?

 

01

 

Лице – вие сте дружељубива и комуникативна личност и сте љубопитни за животот на луѓето. Покрај тоа, во вашата природа е да ги користите вашите интелектуални способности за решавање на секојдневните задачи.
Риба – вие сте среќни со вашиот живот, а исто така верувате во среќа за сите идни напори. Дури и ако нешто не оди според вашиот план, сигурно ќе успеете да се справите во секоја ситуација.

 

2. Клучалка или расплакано човече

 

01

 

Клучалка – вие сте љубопитни за животот генерално. Може дури да имате чувство дека наскоро ќе мора да се соочите со непознатото и тоа ви се допаѓа.
Расплакано човече –  не сте целосно свесни за вашата моментална емоционална состојба. Може да се работи за тага, разочарување или осаменост. Треба да обрнете повеќе внимание на сопствените емоции.

 

Малку отворена врата или музичка нота?

 

17151010-24031160-04finished-0-1509526979-1509526986-2000-1-1509526986-650-04f9ebaa03-1511334534

 

Малку отворена врата – Подготвени е за промени, и сметате дека се движите во вистинската насока. Вие сте свесни за тоа што ве чека во иднина.

Музичка нота – Токму сега е многу важно да ја искажете вашата креативност. Имате нешто што сакате да го споделите со овој свет. Ако работите напорно, ќе го искористите својот потенцијал во потполност.

 

Столбови или луѓе?

 

17151060-24034710-00finished-0-1509527952-1509527965-2000-1-1509527965-650-0c369e17e2-1511334534

 

Столбови – Понекогаш е тешко да ја напуштите вашата зона на удобност и да го постигнете она што навистина го сакате. Треба да се обидете да го погледнете светот од друга перспектива. Столбовите, исто така, може да значат дека сте посветен и романтичен човек.

Луѓе – Вие не чувствувате никакви силни граници во животот. Многу лесно можете да постигнете многу работи. Вие сте чувствителна и љубезна личност, секогаш подготвена да им помогне на другите.

 

Маж или жена?

 

17151110-23664660-05finished-0-1509449115-1509449121-2000-1-1509449121-650-4fdc00552a-1511334534

 

Маж  Ако сте жена, тоа може да значи дека сакате да бидете во романтична врска или да барате партнер. Ако веќе го имате, чувствувате силна емоционална поврзаност со него. Ако сте маж, најверојатно сте загрижени за некој проблем што вклучува друг маж.

Жена – За жените, тоа значи дека имате многу позитивен став кон животот и живеете во хармонија со себе. За мажи, тоа може да значи дека навистина ја цените женската убавина. Веројатно сочувствувате со одредена жена и очекувате таа да се чувствува исто.

 

Тестот се темели на симболичното значење на одредени работи и на чувствата што ги предизвикуваат во вас. Кој симбол прв го забележавте во секој пар? Кажете ни во коментарите ако описот се совпаѓа со тоа како сега навистина се чувствувате.

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: