Занимливости
Со две состојки против акни и лузни на кожата

Секојдневно миењето на лицето е од суштинско значење за одржување на здрава здрава кожа и блескав тен. Подеднакво важно е она што го користите за да го измиете лицето. Некои маски за лице се неверојатно груби и може да ја загрозат нежната кожа на лицето, додека други се слаби, бескорисни и неефикасни. Ако некогаш сте се обиделе да ја прочитале листата на состојките на пакувањето на препаратот за лицето, тогаш знаете дека се полни со хемикалии и работи за кои најверојатно не сте запознаени и не можете да ги изговорите.

 

Како што се вели – понекогаш помалку е повеќе, а кога станува збор за нашите лица, толку е поедноставно толку е подобро.

 

Сода бикарбона и кокосово масло

 

01

 

Сите природни, нетоксични и едноставно изведени маски за лицето можат да ја исчистат вашата кожа без компликации или прекумерно сушење.

 

Оваа домашна комбинација има само две состојки и може да ја направите уште вечерва дома.

 

Во мала чаша или тацна комбинирајте кокосово масло и сода бикарбона со тоа што ќе ги растурите сите грутки во содата пред да додадете кокосово масло. Нема утврдени количини на овој рецепт и можете да го приспособите кон вашиот тип на кожа и потреби. Луѓето со чувствителна кожа треба да стават повеќе кокосово масло во сооднос од 2: 1, а за сите останати – од секоја состојка 1: 1.

 

 

Измешајте ги добро, а потоа нанесете ја маската на вашето лице со нежни масирања во кружни движења. Можете да ја оставите неколку минути како маска за лице или може веднаш да се измиете со топла вода.

 

Маската нанесете ја три пати во една недела, а резултатите ќе ги забележите уште првиот месец.

 

Како функционира маската од кокосово масло и сода бикарбона?

 

По користењето на оваа маска за лице ќе забележите дека вашата кожа е мазна, смирена и мека. Комбинацијата на сода бикарбона и кокосово масло е ефикасна при лекување и исчезнување на лузни од акни, црвенило и неправилности на лицето. Исто така, добро функционира за негување на груба и сува кожа, оставајќи ја хидрирана и чиста.

 

Ако се прашувате како функционира оваа едноставна маска, еве го одговорот: кокосовото масло е природен антибактериски агенс кој ги отвора порите и ги чисти од бактерии.

 

Содата бикарбона е добра за чистење на кожата бидејќи е ефикасна во регулирањето на pH вредноста поради тоа што не е премногу кисела или премногу алкална, туку некаде во средината. Кога се поврзува со материите во пори или на кожата кои се или кисели или алкални, природно реагира за да ги неутрализира и резултатот е избалансирана кожа.

 

Можеби најдобрата вест во врска со овој рецепт е дека и двете состојки се исклучително достапни, природни и не ја нарушуваат околината како повеќето состојки кои се наоѓаат во козметичките производи.

 

Испробајте ја уште вечерва пред спиење и очекувајте резултати!

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: