Рецепти
Англиска пита со бадеми Ана Ѓорова

Слатко уживање што одлично оди со вашето омилено кафе

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Лиснато тесто(500 Грама)

Мелени бадеми(150 Грама)

Бадеми(150 Грама)

Џем од јагоди(150 Грама)

Брашно(30 Грама)

Шеќер во прав(150 Грама)

Јајце(4 )

Лимон(1 )

Путер(125 Грама)

Екстракт од бадем(1 Супена лажица)

Екстракт од ванила(1 Супена лажица)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. На набрашнета површина од двете парчиња лиснато тесто со сукало развлечете кори. Ставете ги една врз друга и уште малку развлечете ги.
  2. Ставете ги во тркалезна тава за печење обложена со хартија и со виљушката избодете ги на неколку места.
  3. Тавата ставете ја во рерна и печете 5 минути на 200 степени, па извадете ја од рерна.
  4. Една белка од јајце изматете ја со миксер и премачкајте го испеченото тесто, па потоа одозгора премачкајте со мармаладот.
  5. Во друг сад со миксер изматете ги путерот, шеќерот во прав и една жолчка од јајце. Едно по едно додавајте ги преостанатите 3 јајца и матете ги со миксерот.
  6. Додајте ги брашното и двата вида екстракт, ренданата кора од лимон и мелените бадеми, па матете за филот да се соедини.
  7. Премачкајте ја питата со филот и допечете ја уште половина час во рерната на иста температура.
  8. Врз питата нанесете ги бадемите и наросете ја со шеќер во прав.
  9. Вратете ја во рерната и допечете уште 5 минути на 150 степени.
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Шеќерни прженки
Динстани јунешки ребра
Оревки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Кнедли од крем сирење
Француско „селско“ месо
Вкусна димена салама
Кнедли од џигер
Чоколадни кроасани
Пилешко во павлака
Тестенини со сос од туна
Тробоен куглов
Зелка на грчки начин
Ролат со цимет и суво грозје
Резанки од палачинки
Руски колач со афион
Чоколаден куглоф
Посен куглов со суво овошје
Ролнички со крем
Пита со тиквички и со гриз
Мафини со нутела крем
Цимет ролнички со бадеми
Жолт куглов колач
Англиска пита со бадеми
Пита со јајца и кајмак
Свинско месо со бел сос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: