Рецепти
Брза пита од тиква Ана Ристеска

Лесен и многу вкусен десерт кој е здрав, лесен за варење, богат со протеини и без рафиниран шеќер

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Тортиљи(1 )

Пире од варена тиква(2 Чаши)

Цимет(2 Кафени лажици)

Мед(3 Супени лажици)

Грчки јогурт(200 Грама)

Желатин(1 Пакување)

Вода(млака 3/4 Чаша)

Протеин од тиква(1 полна Супена лажица)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 20 минути

  1. Во длабок сад за печење ставете една поголема или три помали тортиљи. Притиснете ги така што ќе ја заземат формата на садот и ставете да се печат 10 минути во загреана рерна на 180 степени. Потоа извадете го садот и тргнете го на страна за тортиљите да се оладат.
  2. Во меѓувреме пирето од тиква ставете го во тенџере на тивок оган заедно со медот и циметот и гответе го додека смесата не стане млака.
  3. Од кога ќе се стопли префрлете ја во блендер заедно во желатинот кој го имате претходно растопено во 3/4 чаша со топла вода. Доколку сакате сега можете да додадете и протеин од семки од тиква. Блендирајте 1 минута.
  4. Потоа додајте го грчкиот јогурт, повторно блендирајте и смесата претурете ја врз печените тортиљи во садот. Ставете ја питата во фрижидер да стои минимум 4 часа или преку ноќ.
  5. Послужете ја со џем по желба.
Сиров чоколаден тарт
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња
Колач со круши и бадеми
Оревки
Сусам топчиња
Колачиња зелени елки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Торта фантазија
Ролат со кокос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: