Рецепти
Чоколадна парфе торта со ореви Ана Ѓорова

Одлична торта што може да ја подготвите за родендени и слични пригоди

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јајце(8 )

Црно чоколадо(200 Грама)

Слатка павлака(200 Милилитри)

Шеќер(16 Супени лажици)

Мелени ореви(8 Супени лажици)

Сечкани ореви(8 Супени лажици)

Ореви(200 г потпечени и сечкани )

Брашно(1 Супена лажица)

Ванилин шеќер(1 Пакување)

Желатин(1 ќесичка )

Вода(50 Милилитри)

Шлаг крем ванила(2 ќесички )

Шеќер во прав(100 Грама)

Млеко(200 Милилитри)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 90 минути

Пандишпан

  1. Белките изматете ги со миксер, постепено додавајте 8 лажици шеќер и матете додека да се растопи.
  2. Потоа додајте ги брашното, 8 лажици мелени ореви и 8 лажици сечкани ореви и мешајте со лажица додека смесата се соедини.
  3. 40 грама од чоколадото крупно изрендајте го, додајте го во садот и промешајте, па целата смеса претурете ја во тркалезен калап за печење обложен со хартија.
  4. Печете 40 минути во рерна на 180 степени.

Фил

  1. Жолчките со 8 лажици шеќер и 1 ванилин шеќер ставете ги во тенџере на пареа и матете со миксер додека шеќерот се растопи.
  2. Преостанатото чоколадо искршете го на парчиња и додајте го во садот со кремот, матете со миксер додека да се растопи.
  3. Во друг сад посебно изматете ја слатката павлака додека да ја добие потребната цврстина.
  4. Потоа со миксер изматете го изладениот крем, додајте 1 преполна лажица изматена павлака и 200 г потпечени исечкани ореви, па матете да се соедини смесата.
  5. Желатинот растопете го со 50 мл вода, ставете го во тенџере и мешајте со лажица додека зоврие.
  6. Изладениот желатин додајте го во садот со смесата и мешајте со лажица додека филот се соедини.

Финална постапка

  1. Пандишпанот исечете го на 2 еднакви дела; првата кора ставете ја во чинија за торта и на чинијата ставете го страничниот дел од калапот за печење.
  2. Врз првата кора нанесете го филот и прекријте го со втората кора пандишпан, па ставете ја тортата во замрзнувач.
  3. Откако убаво ќе се излади, декорирајте ја целата торта по желба со готварски шприц со шлагот: изматете го прашокот за шлаг со шеќерот во прав и млекото додека ја добие потребната цврстина.
Посни колачи со локум
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Пита со карамелизирана тиква
Евтин колач со јаболко (посно)
Колач со круши и бадеми
Цимет ѕвездички
Интегрален колач од јаболки
Торта фантазија
Ролат со кокос
Расолница
Куглов со ореви и чоколадо
Чоколадни кроасани
Рум касато
Торта со цели печени јаболки
Посен колач со јаболко и банана
Кокос коцки
Колач со јаболко
Колач со три слоја
Бели колачиња (посно)
Урма торта со ореви
Посен куглов со суво овошје
Таан баклава
Печени пирошки
Колач со јаболки и ореви
Англиска пита со бадеми
Вештерски прсти
Чоколадна парфе торта со ореви

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: