Рецепти
Домашна гужвана пита Ана Ѓорова

Вкусна домашна пита со фил од компир и праз за одлично предјадење или појадок со чаша јогурт

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(500 Грама)

Квасец(20 Грама)

Масло(100 Милилитри)

Млеко(100 Милилитри)

Јогурт(100 Милилитри)

Шеќер(1/2 кафена лажица )

Сол(1 рамна кафена лажица )

Путер(125 Грама)

Компир(2 варени )

Младо кравјо сирење(200 Грама)

Кајмак(2 Супени лажици)

Праз(2 страка белиот дел )

Газирана вода(100 Милилитри)

Јајце(1 )

Павлака(неутрална 3 лажици )

Ленено семе(или сусам за одозгора )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Во млакото млеко додајте ги шеќерот, квасецот и малку брашно. Оставете квасецот да стаса.
  2. Соединете ги маслото, јогуртот и солта, додајте го млекото со стасаниот квасец и замесете тесто.
  3. Оставете го тестото да стасува 30 минути.
  4. Празот исечкајте го и испржете го на малку масло, па измешајте го во сад со исечканиот варен компир.
  5. Од стасаното тесто развлечете поголем правоаголник, премачкајте со путер и од потесната страна свиткајте ролат.
  6. Ролованото тесто поделете го на 6 еднакви дела, од секој дел развлечете помал правоаголник.
  7. На 2/3 од секој правоаголник распоредете го филот.
  8. Протнете ги прстите под тестото на местото каде што се наоѓа филот и набирајте го тестото (направете фалти), а потоа прекријте со тестото без фил.
  9. Наредете во тава со големина 22 х 38 см или во некоја со приближна големина и оставете да стасува 20 минути.
  10. Потоа прелијте со изматено јајце и неутрална павлака, наросете со ленот и печете 30 минути во рерна загреана на 200 степени.
Банана лепче
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Банана залчиња
Туна ќофтиња
Ванила бомбици
Здрава проја со тиквички
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Баклава со јаболки
Шеќерни прженки
Пилешки дроб и срца
Салата со соја и шампињони
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Смути од јапонски јаболки и круши
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Динстани јунешки ребра
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*