Рецепти
Домашни канелони со печурки и бешамел сос Ана Ѓорова

Италијански специјалитет од домашни тестенини со фил од печурки и домашен бешамел сос

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(500 грама за тестото )

Јајце(4 за тестото )

Маслиново масло(1 лажица за тестото )

Сол(малку за тестото )

Путер(50 грама за бешамел сосот )

Брашно(50 грама за бешамел сосот )

Млеко(1/2 литар за бешамел сосот )

Кисела павлака(2 децилитри за бешамел сосот )

Сирење(200 грама за бешамел сосот )

Рендан пармезан(6 лажици )

Свежи шампињони(300 Грама)

Рендан кашкавал(80 Грама)

Пршута(50 Грама)

Млеко(1 Чаша)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 90 минути

Тесто

  1. Брашното ставете го во сад, додајте ги јајцата, прстофат сол и лажица маслиново масло. Измешајте ја добро смесата додека да добиете еластично тесто.
  2. Тестото покријте го со крпа, потоа повторно замесете го и со сукало расукајте кори со дебелина од околу 1-1,5 мм и оставете го да мирува уште 15 минути.
  3. Исечете го тестото на правоаголници со димензии околу 12х16 см.
  4. Сварете ги кратко правоаголниците во солена вода, исцедете ги и исплакнете ги под млаз ладна вода. Распоредете ги врз крпа за да се исушат.

Бешамел сос

  1. Во тава се топи путерот и се пропржува брашното многу кратко и со постојано мешање. Се додава млеко и се готви на умерена температура додека смесата не згусне.
  2. Се додаваат киселата павлака и ренданото сирење (употребете посуво сирење) и повторно се промешува и готви додека не се добие посакуваната густина на сосот. Може по желба да додадете и малку лукче и бибер.

Фил

  1. Во тава на масло пржете ги сечканите шампињони на ленти со малку сол и вода.
  2. Откако ќе се пропржат, измешајте ги со 2/3 од бешамел сосот и 3 лажици рендан пармезан.

 

Финална постапка

  1. Малку од филот распоредете го на една подолга страна на еден правоаголник (тесто), полека свиткајте од крајот со филот кон кората како цилиндар. Постапката повторете ја со останатиот фил.
  2. Така филуваните канелони наредете ги врз намастен плех.
  3. Пршутот исечкајте го на коцкички и ставете го врз канелоните.
  4. Преостанатиот бешамел сос измешајте го со 1 чаша млеко на оган во тенџере, па прелијте ги канелоните.
  5. Одозгора наросете рендан пармезан  и кашкавал и печете ги во претходно загреана рерна на 180 степени, 20 минути.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: