Рецепти
Грав со ќофтиња Ана Ѓорова

Мексикански рецепт за пикантно гравче со зачинети ќофтиња од мелено месо

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Црвен пипер(1 Кафена лажица)

Соја трошки(1 чаша или стар леб 2-3 парчиња )

Јогурт(1 Чаша)

Сода бикарбона(1 Кафена лажица)

Мешано мелено месо(0,5 Килограм)

Суво оригано(1 Супена лажица)

Сол(1 Кафена лажица)

Бибер

Кромид(4 Главици)

Лук(3 Чешниња)

Грав(500 Грама)

Масло(250 Милилитри)

Сува везена црвена пиперка(2 или свежа лута црвена пиперка и домати )

Магдонос

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Се накиснува сојата (или стар леб 2-3 парчиња) во топла вода. Кога ќе нарасне, се цеди и се меша со меленото месо, па се додава црвен пипер, сода бикарбона, оригано, сол, бибер, сечкан кромид (1 главица) и сечкан лук (или лук во прав).
  2. Повторно се меси смесата убаво со дланките, па се додава јогуртот и се меси смесата да биде мека.
  3. Се прават мали топчиња, се пржат на тивок оган, но не многу бидејќи потоа ќе се печат.
  4. Гравот се вари, но се внимава да не е преварен.
  5. Во огноотпорен сад (може и земјена тава) се ставаат маслото и 3 главици сечкан кромид да се пржат.
  6. Откако ќе се испржи кромидот, се додава црвен пипер и во тавата се истура сварениот грав.
  7. Се меша добро и се додава водата во која што се вареше гравот и заедно се додаваат и испржените ќофтиња.
  8. Се посолува, одозгора се редат или суви пиперки или свежи домати и пиперки по желба, сечкано лукче, сечкан магдонос и бибер.
  9. Тавата се става во рерна да се пече на 250 степени.
Кремаста паста со печурки без масло
Туна ќофтиња
Дроб во кошулица
Пилешки дроб и срца
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Динстани јунешки ребра
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Динстано месо со печурки
Пилешки џигер во пиво
Лазањи со болоњезе сос
Пилешко со лимон
Француско „селско“ месо
Вкусна димена салама
Кнедли од џигер
Потпечена зелка со наут
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Вегетаријански плескавици
Тава со свинско месо и печурки
Посна сарма со праз и шампињони
Пилешко во павлака
Филе Велингтон
Тестенини со сос од туна
Полнета пастрмка во црно вино (посно)
Ѓевречиња од мелено месо
Зелка на грчки начин

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: