Рецепти
Какао торта со фил од чоколадо Ана Ѓорова

Вистинско чоколадно уживање! Можеби ќе Ви треба повеќе напор и време за нејзина подготовка, но дефинитивно ова е една од највкусните и декоративни торти од чоколадо.

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Шеќер(4 Чаши)

Брашно(2/2 Чаши)

Какао(1 чаша + 3 супени лажици )

Прашок за печиво(1 1/2 Кафена лажица)

Сода бикарбона(1 Кафена лажица)

Сол(3 Кафени лажици)

Несолен путер(3 Чаши)

Јајце(4 )

Грчки јогурт(1 Чаша)

Екстракт од ванила(3 Кафени лажици)

Белка од јајце(6 )

Црно чоколадо(280 Грама)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 90 минути

  1. Загрејте ја рерната на 160°C.
  2. Употребете три калапи за торта со димензии околу 20см во должина и 7см висина и обложете ги со намастена хартија за печење.
  3. Во голем сад измешајте 1 и пол чаша шеќер, 1 чаша какао, 1 и пол лажичка сол, брашното, сода бикарбона, прашакот за печиво и 1 чаша омекнат путер на парчиња. Убаво соединете ги сите состојки со миксер околу 30 секунди за да добиете хомогена смеса.
  4. Потоа едно по едно додавајте ги јајцата и мешајте со дрвена лажица. Додајте го грчкиот јогурт или павлака и 2 лажички екстракт од ванила и повторно миксирајте околу 1-1 и пол минута.
  5. Смесата поделете ја на три еднакви дела и распоредете ја во трите подготвени калапи. Печете ги во загреаната рерна 30-40 минути, па потоа оставете да се изладат.
  6. Во меѓувреме подгответе какао сируп: во тенџере измешајте половина чаша шеќер со 1 супена лажица какао. Налијте половина чаша вода и гответе на оган со повремено мешање додека шеќерот се растопи, па тргнете го тенџерето настрана.
  7.  Подгответе го филот: белките од јајцата и 2 чаши шеќер измешајте ги и гответе ги на пареа со повремено мешање додека смесата убаво се соедини.
  8. Потоа тргнете од оган и матете со миксер додавајќи постепено 2 чаши путер. Убаво изматете и оставете во фрижидер 10-20 минути, па повторно матете додавајќи го остатокот од путерот.
  9. Откако ќе добиете убаво изматена смеса, додајте го претходно стопеното и малку оладено чоколадо. Измешајте со лажица и додајте 2 и пол лажици вода, 2 лажици какао, 1 лажичка ванила екстракт и пола лажичка сол. Мешајте додека добиете хомогена смеса.
  10. Извадете ги калапите од рерна и ставете ги на голема чинија за торти, па оставете ги да се оладат.
  11. Потоа најпрво со готварска четка премачкајте еден од пандишпаните со сирупот, т.е. смесата со вода, какао и шеќер. Потоа премачкајте со филот и поклопете со вториот пандишпан. Постапката повторете ја и на крај завршете и премачкајте ја целата торта со филот од чоколадо.

 

Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: