Рецепти
Кростата од бадеми со мармалад Ана Ѓорова

Одличен десерт за со чаша млеко или кафе

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Мармалад од цреши(или друг по вкус 450 грама )

Брашно(250 Грама)

Мелени бадеми(120 Грама)

Шеќер(100 Грама)

Јајце(2 )

Портокал(1 )

Рум(1 Супена лажица)

Цимет

Сол(1 Прстофат)

Путер(120 Грама)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 70 минути

  1. Путерот (претходно оставете го да омекне на собна температура) изматете го со шеќерот додека да добиете кремаста смеса.
  2. Потоа додајте ги белото брашно и  мелените бадеми, жолчките, сокот и ренданата кора на портокалот, малку цимет, прстофат сол и румот.
  3. Измешајте ги состојките со раце и замесете тесто кое ќе го оформите во топка.
  4. Обвиткајте ја топката во проѕирна фолија и оставете го тестото да одмори 1 час во фрижидер.
  5. Потоа одделете 3/4 од тестото и расукајте го на набрашнета површина.
  6. Ставете го во кружен калап (24 см), претходно намастен и набрашнет, така што на краевите тестото малку ќе биде задебелено.
  7. Тестото во внатрешноста премачкајте го со мармалад од цреши (или друг по желба) и превиткајте ги задебелените краеви кон внатрешноста.
  8. Остатокот од тестото расукајте го (не многу тенко) и со нож за сечење пица или обичен нож исечете ленти.
  9. Лентите наредете ги врз питата така што ќе формирате мрежа.
  10. Печете ја кростатата во претходно загреана рерна на 150 степени, 40 минути.
Јафа бомбици
Банана лепче
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Банана залчиња
Туна ќофтиња
Ванила бомбици
Здрава проја со тиквички
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Баклава со јаболки
Шеќерни прженки
Пилешки дроб и срца
Салата со соја и шампињони
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Смути од јапонски јаболки и круши
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Динстани јунешки ребра
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: