Рецепти
Леб од тиква Ана Ѓорова

Од истиот рецепт може да направите и мафини – еднакво се вкусни и се одличен есенски десерт

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Пире од варена тиква(1 Чаша)

Јајце(2 )

Масло(1/2 Чаша)

Екстракт од ванила(1 Кафена лажица)

Шеќер(1 Чаша)

Брашно(1 Чаша)

Сол(1/2 Кафена лажица)

Сода бикарбона(3/4 Кафена лажица)

Прашок за печиво(1/2 Кафена лажица)

Цимет(1 Кафена лажица)

Ѓумбир во прав(1/2 Кафена лажица)

Морско оревче(1/4 Кафена лажица)

Каранфилче(1/8 Кафена лажица)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 80 минути

  1. Тиквата излупете ја, исчистете ја од семките и исечете ја на коцки.
  2. Ставете ја во тенџере со вода на оган и варете ја малку да омекне (околу 20-тина минути), па потоа добро исцедете ја и оставете ја да се олади.
  3. Изблендирајте ја тиквата во блендер или со алатка за пире.
  4. Загрејте ја рерната на 180 степени.
  5. Измешајте 1 чаша од пирето од тиква, јајцата, маслото и ванилата. Додајте го шеќерот и добро измешајте.
  6. Во друг сад измешајте ги брашното, солта, содата бикарбона, печивото и зачините. Додајте ги во садот со пирето од тиква и добро измешајте да се соедини смесата.
  7. Претурете во намастен четвртасто тавче обложено со хартија за печење и печете околу 45 минути во веќе загреаната рерна.
  8. Проверете со чепкалка дали е печен – боцнете и ако чепкалката излезе чиста, извадете го лебот од рерна.
  9. Од истиот рецепт може да направите и мафини – печете ги 20 минути на 190 степени.
Јафа бомбици
Банана лепче
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Банана залчиња
Туна ќофтиња
Ванила бомбици
Здрава проја со тиквички
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Баклава со јаболки
Шеќерни прженки
Пилешки дроб и срца
Салата со соја и шампињони
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Смути од јапонски јаболки и круши
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Динстани јунешки ребра
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: