Рецепти
Лут зелник Ана Ѓорова

Вкусен домашен зелник со пиперчиња, сирење и спанаќ за љубителите на пикантниот вкус

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(500 Грама)

Црвен вински оцет(2 Супени лажици)

Сол

Квасец(малку )

Масло(1/2 Чаша)

Вода(топла 250-300 мл )

Чили пиперка(2 )

Спанаќ(500 Грама)

Сирење(150 Грама)

Јајце(1 )

Маргарин(100 Грама)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 120 минути

  1. Брашното измешајте го со солта, 2 лажици вински оцет, 1/2 чаша масло, идробениот свеж квасец и замесете тесто со топлата вода.
  2. Кога ќе биде добро измесено тестото, поделете го на 10 топчиња. Секое топче расукајте го во мала кора.
  3. Корите поделете ги на два дела – во едниот дел ставете 6 корички, а во другиот 4 корички една врз друга.
  4. Секоја кора премачкајте ја со растопен маргарин освен последните две на кои ќе наросите брашно.
  5. Така приготвените кори покријте ги и ставете ги во фрижидер околу час и половина.
  6. Потоа делот од 6 кори расукајте го во големина на тавчето, но да има малку оставено за витка.
  7. Тавчето премачкајте го со масло, ставете ја кората и премачкајте ја со растопен маргарин и со маслото.
  8. Врз неа ставете го спанаќот во кој има издробено сирење и исечкани лути пиперки, сол и 1 јајце.
  9. Врз филот ставете ја другата кора расукана потенко за да може да се набере.
  10. Направете витка и печете го зелникот во рерна додека да зарумени.
Пита со блитва и со коприва
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Посни крокети со спанаќ
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Лут зелник
Крокети од тиква и пармезан
Кнедли од крем сирење
Тарт со праз
Пита со кисела зелка
Пача
Пинџур со суви везени пиперки
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Топчиња од палента
Потпечен карфиол
Топчиња од зеленчук
Ролнички со соја, праз и печурки
Праз во рерна со козјо сирење
Печен карфиол со сладок компир
Похувани буковки
Ќофтиња од карфиол
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Солен куглов со шунка
Пита масленица
Куглов погача со сирење
Топчиња со блитва
Солени бомбици од сирење
Бабини кифлички

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: