Рецепти
Пикантна манџа со сладок компир и киноа (посно) Ана Ѓорова

Посен, вегетаријански ручек или вечера од здрави состојки за љубителите на пикантниот вкус

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Маслиново масло(3 Супени лажици)

Сладок компир(1 голем )

Црвен кромид(1 Главица)

Лук(4 Чешниња)

Чили во прав(2 Супени лажици)

Бибер

Сол

Кумин

Бистра зеленчукова супа(3 1/2 Чаши)

Црн грав(425 Грама)

Домат(400 Грама)

Киноа зрна(1/2 Чаша)

Свеж сок од лимон(4 Кафени лажици)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 80 минути

  1. Во длабоко тенџере на умерен оган загрејте го маслото, па додајте ги сечканиот кромид и излупениот и исечкан сладок компир на коцки. Пржете 5 минути со мешање додека кромидот омекне.
  2. Потоа додајте го лукот, претходно сомелен, па зачинете со чили во прав, кумин и сол.
  3. Промешајте, па потоа додајте ги зеленчуковата супа, доматите, црниот грав и киноата. Оставете ја смесата да зоврие.
  4. Покријте го тенџерето и намалете ја температурата, па гответе го јадењето 30-40 минути додека киноата целосно не се извари и слатките компири не омекнат, а целата смеса убаво се згусне како манџа.
  5. Потоа додајте го лимоновиот сок и тргнете од оган. По потреба уште посолете, гарнирајте со авокадо и целер пред сервирање.
Јафа бомбици
Банана лепче
Ванила бомбици
Колачиња со банана и урми
Пилешки дроб и срца
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Динстани јунешки ребра
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Динстано месо со печурки
Пилешки џигер во пиво
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Лазањи со болоњезе сос
Пилешко со лимон
Вкусна димена салама
Потпечена зелка со наут
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Вегетаријански плескавици
Тава со свинско месо и печурки
Крем салата со колбаси
Пинџур со суви везени пиперки
Малиџано салата
Тестенини со сос од туна
Лепчиња со лук и магдонос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: