Рецепти
Погача со кулен Ана Ѓорова

Богата погача со фил од кулен и кашкавал што е одличен додаток со вашите омилени јадења

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Млеко(2 Децилитри)

Кисело млеко(150 Милилитри)

Јајце(1 )

Квасец(30 грама свеж )

Масло(3 Супени лажици)

Шеќер(1 Кафена лажица)

Сол(1 Кафена лажица)

Брашно(650 Грама)

Маргарин(60-70 Грама)

Кашкавал(8-10 Парчиња)

Кулен(8-10 Парчиња)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 90 минути

  1. Квасецот се рони со шеќерот во 1 дл млеко, па се остава да нарасне.
  2. Остатокот од млекото се меша со киселото млеко, па се загрева да биде млако.
  3. Јајцето пенасто со миксер се мати, се додаваат маслото, солта, мешавината од млеко и кисело млеко и нараснатиот квасец.
  4. Постепено се додава брашно и се замесува мазно тесто. Се покрива со крпа и се остава да нарасне.
  5. Потоа се дели на топки кои се притискаат со дланката и во средината им се става кулен и кашкавал.
  6. Се обликува топченце и се става во намастен, тркалезен плех.
  7. Постапката се повторува со сите состојки, се редат едно до друго и се оставаат кратко да нараснат.
  8. Може да ја премачкате погачата пред печење со изматена жолчка и да ја посипете со сусам, па да ја ставите да се пече во рерна на 200 степени, 35-40 минути.
Пита со блитва и со коприва
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Посни крокети со спанаќ
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Лут зелник
Крокети од тиква и пармезан
Кнедли од крем сирење
Тарт со праз
Пита со кисела зелка
Пача
Пинџур со суви везени пиперки
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Топчиња од палента
Потпечен карфиол
Топчиња од зеленчук
Ролнички со соја, праз и печурки
Праз во рерна со козјо сирење
Печен карфиол со сладок компир
Похувани буковки
Ќофтиња од карфиол
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Солен куглов со шунка
Пита масленица
Куглов погача со сирење
Топчиња со блитва
Солени бомбици од сирење
Бабини кифлички

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: