Рецепти
Полнети ролнички со месо и зеленчук Ана Ѓорова

Интересно и вкусно предјадење од мелено месо, зелка, грашак и моркови – одлично за на вашата трпеза

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Зелка(1 Главица)

Мешано мелено месо(300 Грама)

Готови кори(500 Грама)

Морков(2 )

Грашок(100 Грама)

Сол

Соја сос(1 Супена лажица)

Чили сос(1 Кафена лажица)

Лук(1 Чешне)

Магдонос

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 50 минути

  1. Морковите и зелката исечкајте ги на тенки долгнавести парчиња, а магдоносот и чешнето лук ситно исечкајте ги.
  2. Исечканиот лук пржете го на загреано масло во вок тава на оган, промешајте, додајте ги морковите и откако ќе се запржат, содржината од тавата истурете ја во цедалка.
  3. Исцедените парчиња моркови со лук ставете ги во длабок сад, маслото вратете го во вок тавата на оган и на него пропржете ја зелката.
  4. Откако ќе омекне зелката, додајте го грашакот, па потоа во тавата вратете ги лукот и морковите.
  5. Откако целиот зеленчук ќе се испржи, додајте ги чили и соја сосот и содржината од тавата истурете ја во цедалка.
  6. Маслото вратете го во вок тавата на оган и пржете го меленото месо. Зачинете го со сол, може и вегета, додајте сечкан магдонос и промешајте.
  7. Исцедете го месото во цедалката и додајте го во длабокиот сад со претходно исцедениот зеленчук, па добро промешајте го филот.
  8. Готовите кори исечете ги на четвртинки, со четка со вода премачкајте го едниот крај на првото парче кора, врз спротивниот крај на кората нанесете од филот, преостанатите два краја свиткајте ги кон внатрешноста и свиткајте ја ролничката.
  9. На истиот начин се подготвуваат сите ролнички, па се пржат во загреано масло во тава на оган, а откако ќе поруменат, ставете ги врз салфетка да се исцедат од вишокот маснотија.
  10. Сервирајте ги со свежа салата по избор.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: