Рецепти
Полнето свинско филе Ана Ѓорова

Гурмански ручек од кој ќе се воодушевите

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Свинско филе(800 Грама)

Димена сланина(4 ленти )

Компир(2 )

Блитва(8 Листови)

Морков(3 )

Млеко(70 Милилитри)

Лебни трошки(25 Грама)

Јајце(1 )

Целер(1 корен )

Путер(100 Грама)

Ајвар(3 Супени лажици)

Сушен темјан(1 Кафена лажица)

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 70 минути

  1. Компирите излупете ги и заедно со коренот од целер исечкајте ги на коцки, а морковите на кругови.
  2. Зовриената вода во тенџере на оган посолете ја и во неа варете го зеленчукот.
  3. Првото парче свинско филе засечете го по должина, посолете го, толчете го со чук и зачинете го со мелен бибер.
  4. Лебните трошки, ајварот и јајцето изматете ги со виљушка додека филот се соедини, па премачкајте го филето.
  5. Врз филот наредете 4 листови блитва и свиткајте ролат.
  6. Ролатот обвиткајте го со 2 ленти сланина и ставете го во тава за печење премачкана со путер.
  7. На истиот начин подгответе го и второто филе и тоа ставете го во тавата.
  8. Врз ролатите наросете сушен темјан и ставете парчиња од преостанатиот путер.
  9. Тавата затворете ја со алуминуимска фолија и ставете ја во рерна.
  10. Печете го филето 40 минути на температура од 180°C.
  11. Варениот зеленчук испасирајте го и измешајте го со млекото.
  12. Извадете го филето од рерна и послужете го со пирето од испасираниот варен зеленчук. Наместо пире, може да го послужите филето со варен или печен микс од зеленчуци.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: