Рецепти
Рижото со домати и маслинки Ана Ѓорова

Лесен и вкусен оброк од ориз со зеленчук за кога не сакате да поминувате многу време во кујната. Послужете го како гарнир или за вечера и ручек.

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Ориз(250 Грама)

Кромид(1 Главица)

Домат(1 поголем )

Црни маслинки(10-15 )

Магдонос

Црвен пипер(1 Кафена лажица)

Масло

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 35 минути

  1. Оризот измијте го, исцедете го и ставете го настрана.
  2. Кромидот исечкајте го ситно и пржете го во тава на загреано масло заедно со 1/2 лажичка црвен пипер. Мешајте и пржете додека омекне кромидот.
  3. Потоа додајте го оризот и постојано мешајте за да не се залепи. Пропржете го добро 5-7 минути.
  4. Откако добро ќе се пропржи, додајте млака вода колку да се покрие оризот. Посолете по вкус и додајте бибер.
  5. Оставете водата да зоврие и гответе го оризот на рингла на умерен оган додека водата испари. Пробајте дали е варен и по потреба додајте уште вода. Мешајте го повремено за да не се залепи.
  6. Доматот поситно исечкајте го, маслинките исечкајте ги и извадете им ја семката, а магдоносот ситно исчекајте го.
  7. Потоа додајте ги во тавата при крај на варењето, околу 1-2 минути, па внимателно мешајте колку оризот да впие од вкусовите. Потоа изгасете и тргнете од оган, па послужете.
Кесадии со туна
Ориз со печурки
Просо со брокула (посно)
Сикма
Фритата со домат, туна и сирење
Палачинки со спанаќ и кашкавал
Потпечена блитва со сирење
Палачинки со туна
Октопод со компири и лимон
Кускус со риба
Палачинки со зеленчук
Сендвичи со туна и сос од маслинки
Тарт со тиквички
Плескавици од компири
Сендвичи од палента
Брускети со тиквички
Пикантни брускети
Тиквички со павлака и лук
Палачинки со тиквички
Запиеканка со печурки ( Zapiekanka z pieczarkami )
Кремасто рижото со тиквички
Полнети пиперки со кускус
Кнедли со млеко (Kluski z mlekiem)
Солен колач со зеленчуци
Солен колач од туна
Клуб сендвич
Рижото со домати и маслинки
Вегетаријански тортиљи
Кускус со спанаќ
Киноа со зеленчук

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: