Рецепти
Ролни од јунешко во доматен сос Ана Ѓорова

Полнети ролни што се одличен ручек за со чаша црвено вино

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Телешки шницли(или јунешки 600 грама )

Доматен сос(200 Милилитри)

Димена сланина(50 Грама)

Кромид(1 Главица)

Кашкавал(100 Грама)

Ориз(100 Грама)

Сол

Бибер

Вегета

Масло

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Шницлите истолчете ги со чук и зачинете ги со вегета, сол и бибер, па оставете ги да впијат од зачините.
  2. Оризот сварете го, исцедете го и измешајте го со крупно ренданиот кашкавал, сечканата сланина, сол, бибер и вегета.
  3. Од филот ставете на првата шницла, свиткајте ги краевите на шницлата кон средината и свиткајте ролна. На истиот начин подгответе ги сите ролни и прицврстете ги со готварски конец.
  4. Пржете ги ролните на загреано масло во тава на оган додека убаво поруменат од сите страни.
  5. Во друга тава на оган пржете го кромидот додека омекне, па додајте го во тавата со пржените ролни.
  6. Во тавата додајте го доматниот сос и 200 мл вода, зачинете со сол, бибер и вегета по вкус.
  7. Откако месото ќе се издинста, тргнете ја тавата од оган, извадете го конецот од ролните и послужете ги.
Крофни
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Тартуфи со суви сливи
Бели топчиња
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Тава со брокула и прокељ
Колачиња зелени елки
Суви колачи со лешници
Торта фантазија
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Салата со макарони, сланина и зеленчук
Чај со брусница и зачини
Филе Велингтон
Потпечен карфиол
Лате со јаболко и цимет
Ѓевречиња од мелено месо
Печен ослиќ со брокула
Торта со цели печени јаболки
Печени компири со говедско месо
Кекси со лешници
Топло чоколадо со црвено вино
Највкусни крофни
Лимон-колач
Бели пралини
Пикантно свинско
Свински гулаш со наут
Кинеска салата
Мини переци
Бротчиња со мелено месо

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: