Рецепти
Ролни со цимет Ана Ристеска

Слатко задоволсто со цимет кое најчесто се служи за појадок или десерт. Одлично оди во комбинација со чаша топол чај или млеко

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Квасец во прав(2 1/4 Кафени лажици)

Вода(1 Чаша)

Шеќер(1/2 Чаша)

Ролни со цимет(1/4 Чаша)

Јајце(2 )

Несолен путер(7 Супени лажици)

Брашно(5-6 Чаши)

Сол(малку )

Кафеав шеќер(1 1/2 Чаша)

Цимет(2 Супени лажици)

Нишесте (пченкарен скроб)(1 Кафена лажица)

Крем сирење(113 Грама)

Путер(1/4 чаша за филот )

Шеќер во прав(1 Чаша)

Свеж сок од лимон(1/2 Супена лажица)

Екстракт од ванила(1 Кафена лажица)

Сол(1/2 кафена лажичка за филот )

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 180 минути

  1. Ставете ја топлата вода и шеќерот во еден сад. Додајте го квасецот во прав, промешајте и оставете да отстои 5-10 минути.
  2. Во меѓувреме стопете 6 супени лажици путер во микробранова печка.
  3. Кога смесата со квасецот ќе биде готова додајте ја матеницата, јајцата и путерот и матете со миксер. Постепено додавајте 4 чаши брашно, една по една. Додајте и сол.
  4. Кога брашното ќе биде убаво измесено, додајте го останатиот дел од брашното и убаво замесете тесто кое не треба да лепи и да може да се формира топка од него. Значи вкупно ќе бидат потребни околу 5 и пол чаши брашно.
  5. Стопете една лажица путер и ставете го путерот во поголем сад. Ставете го и тестото, гледајте да биде премачкано од сите страни со путер, покријте го со фолија и оставете го да стои на топло 60-90 минути.
  6. Во меѓувреме соединете го кафеавиот шеќер, циметот и нишестето. Промешајте ги убаво и тргнете ги на страна.
  7. Од кога ќе отстои тестото расукајте го со сукало во четвртаста форма, но внимавајте да не е предебело или претенко. Премачкајте го со омекнат путер. Поросете со смесата со цимет и убаво натапкајте ја со сукалото за да не се одлепи.
  8. Тестото смотајте го како ролат. Исечете го ролатот на 12 парчиња.
  9. Плех за печење премачкајте го со путер и наредете ги ролните. Покријте го плехот со хартија и со крпа и оставете ролните да отстојат 60-90 минути за двојно да пораснат.
  10. Загрејте ја рерната на 180 степени и печете ги ролните околу 20 минути. На средина од печењето свртете ја тавата и продолжете со печењето.
  11. Во меѓувреме подогответе го преливот. Крем сирењето и путерот ставете ги во сад и матете ги со миксер. Додајте ги шеќерот во прав, сокот од лимон, екстрат од ванила и малку сол и убаво промешајте.
  12. Кога ќе ги извадите ролните од печење премачкајте ги со пола од филот, а кога малку ќе се подоладат премачкајте ги со останатиот дел.
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Торта фантазија
Чоколадни кроасани
Филе Велингтон
Највкусни крофни
Руски колач со афион
Печен ролат од свинско каре
Еврејски колач
Торта со слатко од зелени смокви
Чоколадна торта со суви сливи, урми и ореви
Мустаќи торта
Лиснати погачки
Флија
Француски крем кроасани
Крцкав стек со палента
Козињак со мармалад
Велигденска корпа
Пита со чаен колбас
Ролни со цимет
Тортелини со тиква
Визитарки (посно)
Спонзор торта
Какао торта со фил од чоколадо
Влашка пита
Мини пити со спанаќ и сирење
Свинска пача
Кростата од кајсии
Домашен леб
Полнет венец

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: