Рецепти
Салата од леќа и пченица Ана Ѓорова

Здрава, вегетаријанска салата со корисни состојки што исто така е и многу вкусна

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Пченица во зрна(100 Грама)

Леќа(100 Грама)

Лук(2 Чешниња)

Ловоров лист(2 )

Млад лук(2 )

Домат(1 )

Црвена пиперка(1 )

Кромид(1 Главица)

Свеж магдонос(3 лажици сечкан )

Свежо нане(3 лажици сечкано )

Италијански зачин (мешан зачин)(3 Супени лажици)

Маслиново масло(100 Милилитри)

Лимон(1 )

Сол

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 45 минути

  1. Пченката сварете ја според упатството на пакувањето, потоа процедете ја и оставете ја да се излади.
  2. Леќата, чешнињата лук и ловоровите листови се преливаат со вода, па се загреваат до зовривање.
  3. Се намалува температурата, се поклопува и се крчка додека да омекне.
  4. Потоа се вадат лукот и ловорот, леќата се процедува и се става во чинија.
  5. Се додава пченката, сечканото младо лукче и доматот исечен на коцки и исчистен од пулпата.
  6. Се додаваат кромидот и пиперката исечкана на коцки, па се посипува со нане, магдонос и мешан, сув зачин.
  7. Малиновото масло се меша со рендана кора од лимон и со лимоновиот сок. Се посолува по вкус.
  8. Салатата се прелива и се меша.
Јафа бомбици
Банана лепче
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Банана залчиња
Туна ќофтиња
Ванила бомбици
Здрава проја со тиквички
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Баклава со јаболки
Шеќерни прженки
Пилешки дроб и срца
Салата со соја и шампињони
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Смути од јапонски јаболки и круши
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Динстани јунешки ребра
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: