Рецепти
Штрудлички со јаболко (посно) Ана Ѓорова

Вкусни и посни штрудлички со вкусен фил што ќе ви станат омилени

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јаболко(10 средни )

Шеќер(6 Супени лажици)

Лебни трошки(2 Супени лажици)

Гриз(1 Супена лажица)

Сечкани ореви(3-4 Супени лажици)

Ванилин шеќер(2 Пакувања)

Вода(3 чаши млака )

Квасец(1 свеж )

Масло(6 Чаши)

Прашок за печиво(2 Пакувања)

Брашно(по потреба за да замесите тесто )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Јаболките излупете ги и изрендајте ги на крупната страна од рендето, па запржете ги во тава со 4 лажици шеќер и со ванилиниот шеќер.
  2. Се пржат колку да испари водата од јаболките, потоа се трга од оган и се остава да се олади.
  3. Откако ќе се излади смесата, ставете ги лебните трошки, гризот и сечканите ореви и филот добро измешајте го.
  4. Во поголем сад ставете 3 чаши млака вода, 2 лажици шеќер и измешајте го квасецот да се растопи.
  5. Потоа додајте 6 чаши масло, 2 пакетчиња прашок за печиво и додавајте брашно по потреба за да замесите тесто. Тестото треба да се замеси средно.
  6. Замесеното тесто поделете го на 6 топчиња и секое од нив на набрашнета површина расукајте го со дебелина од 1 см.
  7. Врз секое од корите ставете од филот и завиткајте ролат, потоа ролатот исечете го на парчиња и редете ги во плех врз хартија за печење.
  8. Штрудличките печете ги додека убаво заруменат, а потоа додека се уште топли валкајте ги во шеќер во прав.
Банана лепче
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Туна ќофтиња
Здрава проја со тиквички
Посни колачи со локум
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Пилешки дроб и срца
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Колач со круши и бадеми
Оревки
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Овесни барови со јаворов сируп

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: